1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Олмерт бара подршка од Германија за засилени санкции против Иран

*

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт побара подршка од Германија за заострување на санкциите против Техеран поради неговата спорна атомска програма . Германската влада би можела да одигра клучна улога во спорот- изјави Олмерт на средбата со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во Тел Авив . Во фокусот на разговорите инаку беа подготовките за меѓународната конференција за Блискиот Исток , која би требало да се одржи во САД на крајот од ноември .