1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оли Рен: важен ден за луѓето од Западен Балкан

Еврокомесарите за правда и проширување, Жак Баро и Оли Рен денеска ја соопштија одлуката на Европската комисија да му препорача на Советот на министри на ЕУ укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора.

default

Оли Рен

„ Сметам дека ова е многу важен ден за луѓето на Западен Балкан, но и за ЕУ“, изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен, истакнувајќи дека му причинува големо задоволство да го предложи укинувањето за визниот режим за Македонија, Црна Гора и Србија. За последните две земји, рече Рен, важи условот да исполнат некои од преостанатите предуслови.

Тој изрази уверување дека предлогот ќе биде одобрен од земјите- членки на ЕУ, по неопходните консултации со Европскиот парламент.

Со одлуката за визната либерализација новите биометриски пасоши ќе бидат доволни за патување на граѓаните од трите земји во земјите-членки на ЕУ.


СН/ЖА/дв

Редактор: Жана Ацеска




DW.COM