1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Олимпијада – седми ден

Катрин Ручов-Штомпоровски на почетокот на денешените натпревари на олимпијадата освои златен медал за германскиот олимписки тим. Се прошири допинг скандалот во грчката олимписка екипа:

Ручов-Штомпоровски претпладнето убедливо беше прва во веслачкиот натпревар на поединци, додека во дубл германската женска екипа стигна втора зад Нов Зеланд. Вчера спортистите од Германија имаа богат плен: освоија едно злато, три сребра и две бронзи: во скокови на трамбулина победи Ана Догонадзе, втори места освоија кану слаломистите Маркус Бекер и Штефан Хенце, стрелецот со малокалибарска пушка Кристијан Луш и мечувалската екипа. Пливачката Анје Бушшшулте освои бронза на 200 метри грбно, подеднакво како и велоспедистот Штефан Нимке на 1000 метри.

Во меѓувреме, се прошири допинг сканадалот во грчкиот тим. Властите во Атина, според медиумски извештаи, откриле илјада и 400 кутии анаболици и други забранети допинг супстанци во просториите на тренерот на Константинос Кентерис кој е исклучен од олимпијадата. Освен тоа, Бе-пробата на третопласираниот во дигање тегови Леонидас Сампанис е позитивна. Нему му се заканува одземање на бронзениот медал. Според извештај на еден грчки весник и спринтерот Кристофорос Хоидис не се појавил на допинг-тест и треба да го напушти олимпиското село.