1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Олимпијада петти ден

На олимписките игри германските спортисити вчера го имаа најуспешниот ден. Билансот медали гласи: два златни и четири бронзени. Германија сега во вкупниот резултат според бројот медали е на осмото место.

Штокбауер со бронза, Улрих со празни раце

Штокбауер со бронза, Улрих со празни раце

Двете злата се освоени "врз грбот" на коњи. Имено ги освоија германските јавачи, најнапред во екипното натпреварување, што предизвика реакција на францускиот тим кој сметаше дека германските јавачи ги повредиле правилата, за на крајот сепак се среќно да заврши, а потоа и Бетина Хој во поединечна конкуренција.

“По сиот овој театар што се случи околу мојот наводно погрешен старт во првата рунда – освоив злато“!

Првиот медал за пливачите го освои штафетата во трката четирипати по 200 метри слободно. Франциска фон Алмсцик, Петра Далман, Антје Бушшулте и Хана Штокбауер го освоија бронзениот медал зад квартетите на САД и Кина. Бронзен медал освои и фрлачката на ѓуле Надин Клајнерт:

“Се уште не можам да реагирам. Мислам само на оние дома, пред се на моите родители. Не можам ништо друго да кажам“.

Бронзени медали освоија и Анет Бем во џудо и слалом-кануистот Штефан Пфанмелер.

Вчера вниманието го привлече и фудбалскиот натпревар во Виена меѓу репрезентациите на домаќинот Австрија и Германија по повод стогодишнината на австрискиот фудбалски сојуз. Стартот на Јирген Клинсман како сојузен фудбалски тренер успешен. Германија со трите гола на Кевин Курањи победи со 3 спрема 1. Голот за Австрија го постигна Мартин Амерхојзер. По натпреварот Клинсман изјави:

“Секако е убаво што старувавме вака, но знаеме дека пред нас е долг пат. Генерално е најважно фудбалерите да сфатат: наша цел е светското првенство во 2006“.