1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Олимпијадата го претвори Лондон во „град на духови“

Очите на светот се вперени кон Лондон. Олимписките игри се во тек а сепак хотелиерите, таксистите и сопствениците на ресторани страдаат. Олимпијадата го претвори Лондон во град на духови.

Парк Плаза Вестмистер Бриџ, хотел со 4 ѕвезди во центарот на Лондон, кој и покрај одличната местоположба, не е во целост полн. Резервациите доаѓаа бавно, па менаџерот на хотелот реши драстично да ги намали цените на собите.

„Има многу празни места во Лондон и добрата вест е дека се со супер цени. Тие се поефтини од август минатата година и ако споредите со пред 6 недели, сега се сигурно 40 проценти поефтини.“ вели Дениел Педрески, менаџер на хотелот Парк Плаза Вестминстер Бриџ.

Загуба од 40 до 50%

Исто така и театрите и туристичките атракции се жалат на недостаток на гости. Лондон е претворен во град на духови.


Меѓу десетте најпопуларни знаменитости е и опатијата Вестминстер. Таму каде што вообичаено посетителите чекаат во редици, сега е празно.
Туризмот со 145 милијарди евра годишен промет е шести по големина економски сектор во Велика Британија. Браншата со загриженост гледа на актуелната состојба

„Ова е најважната недела за сите туристички атракции во централен Лондон. Вообичаено тука во овој период има милиони луге, а ние сме 40 до 50 проценти во загуба кај некои атракции во центарот на Лондон.“, Бернард Донахју од Здружение на водечки туристички атракции

Повеќе туристи во наредните години

За среќа барем омилената лондонската шопинг улица Оксфорд стрит, е повторно заживеана. Во првите денови на Олимписките игри имаше пад на прометот од над 12 проценти. Лондончаните остануваа дома поради предвидениот сообраќајниот хаос. Кај продавниците во споредните улици меѓутоа бизнисот и натаму оди слабо. Фризерскиот салон на Рашид Казир, има 30 проценти помалку муштерии.

„Очекував дека ќе има неверојатно многу работа. Сите всушност го очекуваа тоа поради Олимписките игри , но се случува токму спротивното“, вели стилистот Казир.
Во наредните години сепак се очекува поради рекламниот ефект од Олимписките игри да дојдат повеќе туристи расположени за трошење од кога било претходно. Во тоа барем се надева туристичката бранша.
Тогаш треба исто така и Парк Плаза Вестмистер Бриџ да биде преполн , конечно тука може туристите да се привлечат со спектакуларниот поглед.