1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Олимпиското село во Лондон ветува многу

За да постигнат врвни резултати, покрај напорниот тренинг на спортистите им е потребна и пријатна атмосфера. Тоа сега им го ветува Олимпиското село во Лондон.

Иако се нарекува Олимписко село, тоа е сепак еден мал град. Речиси 17 илјади спортисти и функционери ќе живеат тука за време на Летните олимписки игри. И ништо нема да им недостасува. Населбата нуди бројни можности за шопинг, разновидни понуди на забава, хај-тек фитнес центар па дури и салон за убавина, кој го испроба и самиот градоначалник на Лондон Борис Џонсон. Сторено е се’ за пријатна атмосфера.

Londoner Bürgermeister Boris Johnson wiedergewählt

Борис Џонсон

„Сигурен сум дека сите овде ќе си поминат фантастично. Се нудат интернационални јадења, а се разбира има и британски специјалитети, како риба и чипс. Дури имав можност да ги испробам и душеците во собите на спортистите и тие се едноставно фантастични“.

Ако натпреварувачите во Лондон не ги остварат своите спортски цели, тоа со сигурност нема да биде поради условите за престој во Олимпиското село.