1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Олимписки моменти

Од Атина, преку Берлин, Москва и Атланта, Олимписките игри за првпат ќе се оддржат и во Народна Република Кина, во Пекинг. Дојче Веле ви презентира неколку впечатливи спортски олимписки моменти.

default

На 6 април 1896 година во Атина Георг I од Грција ги отвори првите Олимписки игри на новото време. На тој начин се реализира идејата за повторното раѓање на оваа спортска манифестација, којашто потекнува од францускиот историчар и педагог Пјер де Кубертен. Од тогаш па се’ до денес секои четири години се оддржуваат Летни олимписки игри, а од 1924 година, исто во циклус од четири години и Зимски олимписки игри.

Годинава на ред се 29-тите Летни олимписки игри. Од 08 до 24 август кинескиот главен град Пекинг е домаќин на околу 10 илјади спортисти од целиот свет кои ќе се натпреваруваат во 28 различни спортски дисциплини. Во очи почетокот на Олимпијадата ви претставуваме неколку олимписки моменти: атентатот во Минхен, бојкотот на Олимписките игри во Москва, Атланта ’96 - Кока Кола Олимпијада...

DW.COM