1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Олимпискиот факел пристигна во Лондон

По 63-дневно патување низ Велика Британија, олимпискиот факел вчеравечер (20.07) пристигна во Лондон.

Доаѓањето на факелот беше спектакуларно. Војник на британската армија со факелот закачен на појас се спушти од хеликоптер на Лондон Тауер. Факелот

преноќеваше во поранешното седиште на кралевите.

Денеска факелот за првпат се носи низ улиците на Лондон. Низ главниот град на Велика Британија тој ќе мине 321 километар. Непосредно пред пристигнувањето на факелот во Лондон, инаку, полицијата уапси еден 17-годишник кој се обидел да и‘ го грабне од раце факелот на жена која го носела.

На крајот на 70-дневното патување на факелот од Атина до лондонскиот Олимписки стадион во Стратфорд, на 27 јули, факелот ќе има зад себе 12.800 километри.