1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Олимпискиот факел и во рацете на Бан Ки Мун

Олимпискиот факел чест ќе има да го носи и Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Еден ден пред свеченото отворање на Игрите, високиот дипломат ќе го носи олимпискиот оган низ центарот на Лондон.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ден пред отворањето на Летните олимписки игри ќе го носи олимпискиот оган низ Лондон. Во присуство на претседателот на меѓународниот олимписки комитет Жаг Рог, Бан утре ќе го носи факелтот пред лондонската катедрала Вестминстер Аби, соопшти заменикот портпарол на ОН Едуардо дел Буеј. „Тоа е чест за генералниот секретар“, изјави тој и дополни дека Бан „цврсто верува во значењето на спортот за развојот и мирот.“

Летните олимписки игри ќе бидат свечено отворени в петок во Лондон. На манифестацијата е најавено учество на легенди како Пол Макартни. Организациониот комитет меѓутоа се’уште држи во тајност дали на свеченоста ќе учествува и кралицата Елизабета Втора и кој ќе биде последниот носител на факелот.