1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Олимпискиот факел замина во вселената

Олимпискиот факел е на пат кон Меѓународната вселенска станица. Првпат во неговата историја Олимпискиот факел ќе биде носен при прошетка на астронаутите во вселената.

„Олимпискиот факел е симбол на мирот и радосен сум што ја добив оваа мисија“, изјави рускиот космонаут Михаил Тјурин пред стартот на руската ракета „Сојуз“ која со тројца космонаути денеска (07.11) од космодромот Бајконур во Казахстан полета кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) , носејќи го факелот за Зимските олимписки игри 2014. во Сочи во вселената.

Ова е првпат во историјата на Олимписките игри факелот да биде испратен во вселената. Со ракетата патуваат Русинот Михаил Тјурин, Американецот Ричард Мастракио и Јапонецот Коичи Ваката. Ракетата „Сојуз-ФГ“ и капсулата „Сојуз-ТМА“ се украсени со симболот на ЗОИ - олимписките кругови. Предвидено е в сабота (09.11) астронаутите Олег Котов и Сергеј Рјасански да „го прошетаат олимпискиот факел во вселената“. Замислата е при нивната прошетка со Олимпискиот факел да биде направена нивна фотографија со Земјата во заднина.

По патувањето во орбитата факелот ќе биде однесен на дното на Бајкалското Езеро и на Северниот пол и на 7 февруари ќе пристигне во Сочи за церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри.