1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Олимпискиот победник Писториус уапсен поради убиство

Оскар Писториус, јужноафрикански параолимпиец, ја застрелал својата девојка во неговиот дом во Преторија. Се претпоставува дека пукал поради тоа што мислел дека станува збор за провaлник.

Оскар Писториус, шесткратен параолимписки победник, е уапсен, јави агенцијата АП. Полицијата досега единствено потврди дека убиената жена е стара околу 30 години и дека врз нејзе било пукано неколку пати во куќата на Писториус. Весникот „Билд“, кој се повикува на извори во полицијата, пишува дека било пукано без намера.

Јужна Африка има висока статистика на криминал, а многу жители чуваат оружје дома за да се одбранат од криминалците.

26-годишниот јужноафрикански атлетичар Оскар Писториус е првиот човек со двојна ампутација на нозете кој трчаше на Олимпијадата во Лондон. Тој се натпреваруваше со карбонски патерици, кои имаат функција на протези, затоа што нозете му се ампутирани бидејќи е роден без главната ножна коска во двете нозе.