1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Олимписката виза ќе се „оверува“ преку Доминиканската република

Македонските кошаркари избегнаа дуел со Русија во четвртфиналето на квалификацискиот турнир, откако Нов Зеланд ја совлада Ангола. Можни противници во полуфиналето: Литванија или Порторико.

default

Македонската кошаркарска репрезентација в петок против селекцијата на Доминиканската република ќе го има досега најсериозниот тест во обид да обезбеди пласман на Олимписките игри во Лондон.

Вчерашниот трет ден од квалификациските натпревари во Венецуела донесоа редица возбудувања и неочекувани резултати, по кои, најдобрите македонски кошаркари сепак завршија на првото место во групата Д и добија полесен противник во четвртфиналето.

Во последниот меч од групата, Нов Зеланд ја порази Ангола и им го донесе првото место на македонските кошаркари. Во групата Ц, пак, Русија убедливо ја совлада Доминиканската република и си обезбеди дуел со Ангола.

Најголемото изненадување на денот го приреди Нигерија која ја совлада фаворизираната Литванија.

Сите четвртфинални мечеви се закажани за в петок.

Во останатите два дуели ќе се сретнат Грција- Нигерија и Литванија- Порторико.

Доколку избори пласман во полуфиналето, Македонија ќе вкрсти со победникот од дуелот Литванија- Порторико.

Трите првопласирани екипи на турнирот ќе обезбедат пласман на Олимпијадата во Лондон.