1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Олеснување ширум светот по убиството на Бин Ладен

Светските државници од изутрина се придружуваат кон честитките до САД за убиството на најбараниот светски терорист. Осуда пристигна од палестинската радикална група Хамас, а пакистанските Талибанци се заканија со напади.

default

Смртта на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама Бин Ладен, со мали исклучоци, предизвика олеснување ширум светот. Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен истакна дека убиството на Бин Ладен претставува значаен успех за безбедноста на НАТО-сојузниците. И ЕУ смртта на најбараниот

Schweiz Wirtschaft Weltwirtschaftsforum in Davos Großbritannien David Cameron

Дејвид Камерон: Победа на демократијата

светски терорист ја оцени како огромно постигнување во борбата против тероризмот.

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, говореше за олеснување за сите жители на планетата:

„Оваа вест ќе биде поздравена ширум нашата земја. Секако, ова не го означува крајот на заканата со која сме соочени од екстремистичкиот терор. Во неделите што следуваат ќе мора навистина да бидеме будни, но верувам дека ова е огромен чекор напред“, истакна Камерон.

Osama Bin Laden Reaktion Japan

Убиството на Бин Ладен главна вест ширум светот

Ватикан: Осама Бин Ладен сега ќе одговара пред Бога

Убиството на Бин Ладен го поздравија и Русија и Италија, а Ватикан преку портпаролот Федерико Ломбарди порача дека хритијаните не се радуваат за смртта, туку таа служи да ги потсети на одговорноста на секој човек пред Бога и луѓето. Осама бин Ладен ќе треба да одговара пред Бога поради ширењето омраза и поделби и смртта на голем број луѓе“, рече кардиналот Ломбарди.

Хамас: Убиен „светиот арапски воин“

Од пакистанското министерство за надворешни работи се вели дека убиството на шефот на Ал Каеда е значаен удар за активните терористички организации ширум свет. Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи оцени дека ова

Osama bin Laden Tod Reaktion Afghanistan Karzai

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

претставува и предупредување за радикално-исламистичките талибанци. За Карзаи убиството на Бин Ладен во Пакистан е уште еден доказ дека упориштето на глобалниот тероризам не е во Авганистан. Во родната земја на Бин Ладен, Саудиска Арабија, пак, изразија надеж дека неговото убиство ќе помогне во борбата против глобалниот тероризам и дека ќе го поттисне погрешното толкување на исламот кое стои зад него.

Karte Pakistan Abbottabad

Аботабад- местото каде што беше убиен Осама бин Ладен

Од друга страна, палестинската радикално-исламистичка организација Хамас го осуди убиството на, како што го нарече, „светиот арапски воин“ Осама бин Ладен: „Ова го сметаме за продолжување на американската политика на репресија и пролевање на муслиманска и арапска крв“, изјави Исмаил Ханија, лидер на владата на Хамас во Појасот Газа. Талибанските бунтовници во Пакистан пак, се заканија со напади по убиството на Бин Ладен во нивната земја. „Сега пакистанското раководство претседателот Асиф Али Зардари и армијата ќе бидат наша прва цел. Американците ќе бидат втора цел“ , изјави портпаролот на талибанското движење во Пакистан.

Поради страв од одмазда, САД го подигнаа степенот на претпазливост во сите свои дипломатски преставништва во светот. Германското министерство за надворешни работи ги повика сите свои граѓани во странство на зголемена внимателност.

Автор:СН/ЖА/ртр/ап/афп/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска