1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Олеснување во Германија, скепса во Кина

Како светот реагира на компримосот во САД околу покачувањето на законски утврдената граница за максимално задолжување на државата , со која треба да се избегне нејзин банкрот?

default

Германската влада одреагира со олеснување на компромисното решение за должничката криза во САД. Државниот секретар при Министерството за финансии во Берлин, Штефен Кампетер, порача дека се неопходни натамошни чекори. Според него, од обете страни на Атлантикот се пробива сознанието дека стопанскиот пораст не може да се купи со зголемено државно задолжување.

Американскиот компромис наидува на скепса во Кина, која е најголем доверител на презадолжените САД. Клучниот проблем е само одложен, а не решен. Американскиот товар од долгови веројатно ќе расте и понатаму, што претставува голема опасност за светската економија, пишува весникот на Комунистичката партија на Кина, „Женмин Жибао“. Кина поседува во своја сопственост американски државни обврзници во вредност од преку 1000 милијарди долари.

Автор:ГЧ/СН/дв

Редактор: Жана Ацеска