1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Олеснувања за азилантите

Европската комисија ги усвои предлозите за промени во правото на азил. Во иднина, во ЕУ, треба да се поедностават процедурите. Меѓу другото, барателите на азил по шест месеци ќе можат да добијат дозвола за работа.

default

Полесно до правото на заштита

Законите во врска со азилот во Европа се‘ уште се многу различни. Секоја од земјите членки има свои правила, според кои жртвите на насилство, прогон или дискриминирање имаат право на заштита во ЕУ. Еврокомесарот за правда Жак Баро изјави дека ваквата состојба е многу неправедна во однос на барателите на азил. „Во Австрија статус на азилант добиваат 72 проценти од Чеченците, а во Словачка речиси ниеден. Еден Ирачанец многу поверојатно ќе најде прибежиште во Шведска, отколку во Грција“, констатираше Баро.

Воведување минимални стандарди

Најновите предлози од Брисел, во основа нема да ја сменат актуелната ситуација, но Баро прави обид барем да се дефинираат минималните стандарди за односот кон барателите на азил. Главната цел е постапките за добивање азил во ЕУ да течат хумано и фер. Во иднина барателите на азил ќе смеат да работат веќе по шест месеци од доаѓањето во земјата. Досега мораше да чекаат цела година. Манфред Вебер, портпарол на Христијанско-социјалната унија во Европарламентот инсистира да останат старите правила.

„ Во секоја земја од ЕУ постојат различни ситуации на пазарот на труд, затоа земјите членки треба да можат флексибилно да реагираат“, рече Вебер. Став, кој порано го застапуваше и германската влада, постијано отфрлувајќи ги силните напади од Брисел за германската практика во областа на азилот.

Asylsuchende in Belgien

Баратели на азил во Белгија

Низа подобрувања на условите за азилантите

Сега се подобруваат и условите за прифаќање на азилантите. Така жртвите на мачење треба да добијат право на психолошки третман, а жените кои претрпеле сексуално насилство нема да мора да бидат сместени заедно со мажи азиланти. Освен тоа, азилантите на располагање ќе имаат подобри правни средства.

Брисел сака да размисли повторно и за распоредувањето на барателите на азил во Европа. „Правилото, според кое за еден барател на азил е одговорна секогаш државата преку чии граници тој влегол во ЕУ, може во одредени случаи да биде изземено“, вели Жак Баро. Пратеникот од Христијанско-социјалната унија, Вебер во принцип се согласува, но само под еден услов. Јужноевропејците тоа не смеат да го користат како изговор за својата неактивност:

„За земји како Италија или Шпанија се разбира дека е можно да ги поднесат бројките кои денес ги имаат. Затоа мораме да бидеме претпазливи со прашањето на солидарноста“.

Предлозите од еврокомесарот Баро се само почеток на цела редица нови закони, кои Брисел сака да ги донесе. Но, министрите за внатрешни работи од ЕУ уште од порано докажаа дека од тоа нема многу да биде остварено.