1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Олеснет режим за течности во авионите

Европската унија ги олеснува ограничувањата за внесување течности во авион во рачниот багаж. Забраната се очекува да биде целосно укината до 2016. година.

Од денеска ЕУ ги олеснува воведените ограничување за внесување на течности во авионите во рачниот багаж, што претставува прв чекор кон целосно укинување на оваа забрана. Европската комисија ќе ги оцени резултатите и последиците од овој прв чекор и ќе одлучи за натамошните постапки.

Се очекува целосното укинување на забраната за внесување на течности во рачниот багаж да се случи до 2016. година, изјави портпаролката на ЕУ, Хелен Киарнс. Аеродромите во земјите од ЕУ од денеска ќе им дозволат на патниците во рачниот багаж да носат купени алкохолни пијалоци и парфеми од фри шоповите на кој било аеродром во светот. Единствено што е потребно е тие да бидат спакувани во посебни ќеси од фри шопот каде што се купени. Досега беше дозволени дел од рачниот багаж на патниците да бидат само течности до 100 милилитри, купени од фри шоповите на европските аеродроми. Единствен исклучок се правеше за лекови и бебешка храна. Тоа досега претставуваше голем проблем за патниците кои транзитираа на европските аеродроми, а доаѓаа надвор од Европа.

Забраната за пренесување течности во рачен багаж е воведена во 2006. година, кога британската полиција откри терористички заговор за напад на прекуокеански авиони кон САД со помош на течни експлозиви.