1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Олеснети условите за работа за Ромите во Франција

Француската влада донесе одлука да им дозволи на Ромите кои доаѓаат од Романија и Бугарија да се вработуваат во повеќе сектори.

Француската влада ќе го зголеми бројот на сектори во кои Ромите од Бугарија и Романија ќе можат да се вработат, со што ќе биде олеснета нивната позиција во земјата. Франција се најде на удар на критиките поради полициски рации во кои беа растурани ромските кампови, а Ромите беа депортирани назад во своите земји. Владата на премиерот Жан Марк Еро го укина и данокот кој работодавачите досега мораа да го плаќаат за вработените од Романија и Бугарија.

Портпарол на романскиот премиер Виктор Понта изјави дека владата во Букурешт е одушевена од веста за олеснувањето на работните закони за нејзините граѓани.

На одлуката на француската влада и’ претходеа повеќе рации во ромските населби во околината на Париз и други градови. Според тврдењата на активистите за ромски права, десетина населби биле растурени, а стотици Роми раселени. Дел од нив побегнале пред полицијата да ги уапси, а дел одлучиле да ја прифатат понудата од 300 евра за доброволно да се вратат во татковината.