1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Оланд не прифатил да биде посредник во спорот за името

Фактот што официјален советник на претседателот на Франција прима претставник на една политичка партија од Македонија (Ахмети, н.з.) доволно зборува за нејзината важност, оценува за Дојче веле висок француски функционер.

Вообичаено за вакви неформални средби официјален Париз не дава коментари, освен веќе добро познатиот дека „Франција ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ и поттикнува што е можно поскоро да се надминат пречките кои што стојат на патот на земјата кон евроатлантските интеграции.“

Висок француски дипломат за ДВ појасни дека ангажирањето на Франсоа Оланд за решавање на спорот околу името е „искрено“. Оланд преку изјавата што ја даде летово, дека „Франција е подготвена да бара решение“ за проблемот со името, изразил подготвеност да помогне во решавањето на спорот, но „не прифатил да игра улога на посредник“.

Фабиан Пенон, советник на Оланд, во петокот ја прими делагацијата на ДУИ, предводена од претседателот Али Ахмети. Во неговата делегација се најдоа и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими (но не во функција на вицепремиер) и Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети. На работниот ручек на Пенон со гостите присуствуваа и Вуален Де Вилемер, директор за Континентална Европа, Франсoа Пужо од Директоратот за Балкан - двајцата од француското МНР, и Самуел Дукрокет од надворешната француска служба за Западен Балкан во ЕУ. Франција сака изворно да се запознае со она што се случува во Македонија и регионот и тоа од устата на еден од главните протагонисти, додава нашиот извор.