1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оланд: Мали набргу треба да ја преземе одговорноста за безбедноста

По успешната офанзива против исламистите во северен Мали, Франција има намера многу бргу воената одговорност за регионот да и ја предаде на домашната армија

За време на посетатата на пустинската метропола Тимбукту која неодамна беше повторно превземена од рацете на исламистите, францускиот претседател Франсоа Оланд порача дека сега властите на Мали треба да ја преземат одговорноста за преодниот период и пред се’ за безбедноста во градот и во северниот дел на земјата. Подоцна Оланд додаде дека предавањето на одговорноста за безбедноста на Тимбукту многу бргу ќе и биде предадена на малиската војска.

Малискиот претседател Диокунда Траоре пак им се заблагодари на француските војници на ефикасноста и професионалноста. „Тие ни овозможија да се ослободи населението од северно Мали кое живееше под повеќемесечно варварство“, додал Траоре.

И Оланд во текот на посетата на древниот град Тимбукту го осуди варваризмот на вооружените исламистички групаци.

Франција пред три недели се вклучи на страната на централната влада во Мали во конфликтот против исламистите, кои од пролетта завладеаја со северниот дел на земјата и напредуваа кон југот односно кон главниот град Бамако. Од тогаш наваму француските и малиските трупи ги освоија и ја повратија контролата над сите важни провинциски градови. Франција во операцијата во Мали учествува со 3500 војници, а покрај тоа во операциите е вклучена и единица на Заедницата на западно-африкански држави, ЕКОВАС.