1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оланд го совлада Саркози во првиот изборен круг

Социјалистот Франсоа Оланд, како и што се очекуваше, е победник во првиот круг од претседателските избори во Франција. Место на насловните страници си обезбеди и популистичкиот Народен фронт со својот резултат.

default

Франсоа Оланд

Дека Франсоа Оланд е фаворит за Елисејската палата стана јасно уште кога на пладне почнаа да се објавуваат резултатите од прекуокеанските француски територии, каде жителите можеа да гласаат во саботата.

Со 29 проценти од гласовите кандидатот на социјалистите собра повеќе гласови отколку актуелниот претседател Никола Саркози, за кого гласаа 27,1 процент од избирачите.

Експертот Хенрик Утерведе од Германско-францускиот институт во Лудвигсбург е сигурен дека ако Франсоа Оланд не направи некои поголеми грешки, тогаш ќе биде избран на 6-ти мај за наследник на Никола Саркози.

„Мора уште многу работи да се случат за Никола Саркози да ја стаса оваа предност. За мене Франсоа Оланд сосема јасно е фаворит“, вели Утерведе.

Французите гласаа против моделот на Саркози

Präsidentschaftswahlen Frankreich 2012 Nicolas Sarkozy

Никола Саркози

Оланд во изборната битка го постигна резултатот пред се’ како против-модел на поларизираниот актуелен претседател. Утерведе смета дека Французите во неделата навистина гласаа Саркози да замине од функцијата.

„Тој е претседател кој на крајот нервира многу, многу луѓе. Тој е претседател кој не успеа да исполни многу од неговите грандиозни ветувања од пред пет години“, вели Утерведе.

Франција на крајот на петгодишниот мандат на Саркози се соочува со бројни предизвици. Невработеноста достигна десет проценти и е највисока во последните 20 години, а државниот долг експлодираше и надворешно-трговскиот дефицит е на рекордно ниво. Но, и следните пет години би требале да бидат тешки.

„Изборот не е страсна посветеност за Оланд“, вели експертот Утерведе додавајќи дека Французите во него гледаат подобар менаџер со кризи отколку во Саркози. Но, поддржувачите на Саркози не ја губат надежта и се надеваат дека нешто може да се поправи во телевизискиот дуел со неговиот противник.

Изненадувачки силната Марин Ле Пен

Додека се очекуваше фаворитот Оланд да мине како прв на целната линија,

Präsidentschaftswahlen Frankreich 2012 Marine Le Pen

Марин Ле Пен

изненадување пред се’ е успехот на десно-екстремниот Национален фронт. Со 18 проценти Марин Ле Пен, ќерката на основачот Жан-Мари Ле Пен, при првото учество на претседателски избори, го постигна надобриот успех во историјата на партијата. Експертот Утерведе оценува дека ова покажува оти екстремно-десничарската идеологија е широко распространета.

Паралелно со успехот на популистите на десната страна и нивните противници од левата страна можат да забележат изборен успех, иако помал од очекуваниот. За Жан-Лик Меланшон од левиот фронт гласаа нешто повеќе од 11 проценти од избирачите, кој во 2005-та година беше предводник на успешната кампања „НЕ за договорот за европски устав“. И во претседателската кампања тој се држеше за антиевропскиот курс.