1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Окупирај го светот“

Почна во Њујорк како мало протестно движење. По еден месец прерасна во глобална манифестација. Денеска во многу градови на петте континетни на светот се одржуваат демонстрации против моќта на финансиските пазари.

default

Протестно движење против моќта на финансиските пазари

По примерот на американското протестно движење „Окупирај го Вол стрит“ денеска (15.10.11) во целиот свет се планирани манифестации и протестни акции против моќта на финансиските пазари.

Во Франкфурт на Мајна полицијата очекува демонстранции пред седиштетот на Европската централна банка, под мотото

Wall Street Wallstreet Protest Demonstration

Демонстрации

„Окупирај го Франкфурт“. Во Берлин демонстрантите ќе се движат кон седиштето на германската влада. Демонстрации се очекуваат и во другите поголеми германски градови: Келн, Минхен, Хамбург, Хановер, Лајпциг и Штутгарт.

Глобалното протестно движење треба да опфати градови на петте континенти: Лондон, Амстердам, Виена, Скопје, Мелбурн, Сиднеј, Хаваи, јапонскиот град Осака или бразилскиот Рио де Жанеиро.

Движењето „Окупирај го Вол стрит“ почна пред еден месец како мало протестно движење во Њујорк. Оттогаш шурум светот мобилизираше илјадници луѓе.

Автор: АТ/ дв

Редактор: Гoран Чутаноски