1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Окупација на бугарските универзитети - студентските протести се шират

Студентите во Бугарија протестираат против владата на Пламен Орешарски. Тие имаат окупирано неколку високообразовни институции и бараат нови избори. Протестите се шират.

Извикувајќи „браво“ околу 200 студенти на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во текот на викендот (26/17.10) ја прогласија за окупирана оваа високошколска институција. Тие со синџири го блокираа влезот на најстариот универзитет во земјата. Бараат оставка на владата и предвремени парламентарни избори. Во меѓувреме, на протестите се приклучија и студентите од Академијата за глума и од Новиот бугарски универзитет од Софија, како и студенти од универзитетот во Велико Трново и Пловдив. Сега и овие висообразовни институции се окупирани од страна на студентите.

„Ние, студентите, сметаме дека имаме право да живееме во нормална држава, држава која е тука за нас, за младите. Сакаме да имаме иднина во оваа држава“, рече еден од студентите кои протестираат.

Иницијална каписла за студентските протести беше контроверзната одлука на бугарскиот Уставен суд, со која медиумскиот могул Делјан Пеевски си го задржа пратеничкото место. Поради Пеевски избија протестите во Бугарија и пред четири месеци, затоа што тој требаше да стане шеф на тајните служби. Пеевски важи за отелотворение на мафијашките преплетувања на политиката и бизнисот во земјата. Кога претседателот на Уставниот суд пред една недела требаше да одржи предавање на унверзитетот, изби незадоволството на софиските студенти. Еден од нив вели:

„И ја сакам да студирам, но овде сум зашто сметам дека е ова важно ’предавање’, зашто тука станува збор за обука на граѓани во практиката. Студентите треба да бидат активни, тие се оние што носат промени. Од нив се очекува да бидат коректив.“

Околу 100 доценти во акција на собирање потписи изразија солидарност со окупаторите. На интернет страницата на софискиот универзитет можеше да се прочита: „Ние даваме поддршка на студентските протести насочени против недостатокот од морал во бугарската политика“.

И претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев му даде поддршка на протестот на студентите. Укорената влада најави дијалог. Министерката за образование Анелија Клисарова апелираше до студентите:

„Студентите се млади образвани луѓе, тие треба да го изразат своето мислење како граѓани, но со тоа не треба да се повредуваат правата на останатите. Тоа е демократија. Универзитетот е натпартиска институција и тука не смее да се води политика.“

Академскиот совет на софискиот универзитет, во меѓувреме, ги повика студентите критички настроени кон владата да прекинат со окупирање на најголемиот универзитет во земјата и да најдат „поинаква форма на протест“.

Universität in Sofia

Универзитетот во Софија

Запријан Козлуџов, ректор на Пловдивскиот универзитет, пак, наспроти тоа, ги повика студентите индиректно на масовни протести:

„Универзитетите не можат да бидат територија за граѓанско бунтување, сеедно како и против кого. Окупациите не водат кон ништо. Но доколку студентите се убедени дека се во право, тие можат да постигнат многу, зашто ако студентите излезат на улица ќе биде страшно. Не ако излезат неколку стотини, туку доколку излезат масовно и доколку се убедени во она за што се борат. Ако имаат цел и се убедени во исправноста на таа цел. Ако масовно излезат на улица, ќе имаат успех во секој случај.“

Граѓаните се поделени во ставовите. Приврзаниците на владата бараат оставка на претседателот на државата, затоа што тој застанал зад студентите, а оваа Бугарка е скептична што се однеусва до успехот на протестите:

„Јас генерално ги поддржувам, но сметам дека тоа е загубена работа, никој нема да ги слушне, бесмислено е“, вели таа.

Наспроти тоа, друг граѓанин бара:

„Имаме право да протестираме. Кога повеќе луѓе би учествувале во протестите, тогаш нешто и би постигнале.“