1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Октомврискиот предлог-основа за натамошни преговори

Преговарачот на ОН Метју Нимиц денеска во Скопје имаше средби со македонскиот државен врв. Тој не изнесе детали, но познато е дека медијаторот предложил одредени измени на предлогот од минатиот октомври.

default

Метју Нимитц

Посредникот во македонско-грчките разговори за спорот со името Метју Нимиц на денешните разговори со македонскиот државен врв во Скопје предложил одредени измени на последниот предлог за името, даден во октомври минатата година. „Ќе изнајдеме решение но сигурно е дека не до 31 декември", одговори Метју Нимиц.

Деликатни и чувствителни преговори и информации, вака кусо коментираше висок владин функционер присутен на денешните разговори

UN Vermittler Matthew Nimetz und mazedonischer Ministerpräsident Nikola Gruevsk

Нимиц со премиерот Груевски и амбасадорот Јолевски

меѓу Метју Нимиц и мини-владиниот кабинет со премиерот Груевски. Допрва претстои брифинг во владата, што медијаторот издвоил од октомврискиот пакет за решавање на грчко македонскиот спор, дали само името „Република Северна Македонија" и кои од мерките за добрососедство остануваат во игра.

Нимиц откри дека во шестчасовните одвоени средби со македонскиот врв разговарал и за прашањето за македонскиот идентитет и јазик, но не како доминантни и приоритетни. Истовремено, медијаторот со утешителна порака: „Примарно зборувавме за името на земјата. Никогаш не сум слушнал кој било официјален грчки претставник да негира дека оваа земја има единствен идентитет и јазик“, изјави Метју Нимиц.

Посредникот во грчко-македонскиот спор, по средбата во владата, уште кажа: „Знам дека оваа земја има идентитет и јазик и мислам дека тоа никој во светот не го доведува во прашање. Зборувавме за референцата за името, а не за идентитетот“, рече Нимиц на крајот од разгoворите во Скопје.

Попладнево медијаторот треба да отпатува за Атина, каде што ќе се сретне со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани и преговарачот Адемантиос Василакис.

Автор: АТ/АЧ/миа/макфакс