„Око соколово“, магнетни топки и марами на фудбалските терени | Теми | DW | 06.07.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

„Око соколово“, магнетни топки и марами на фудбалските терени

Фудбалот ќе влезе во нова ера откако надлежниот орган на ФИФА дозволи користење на електронска опрема за следење на регуларноста зад гол линијата. ФИФА им дозволи и на муслиманките да носат шамии на мечевите.

Светската куќа на фудбалот – ФИФА, конечно ја одобри употребата на видео технологијата на гол линијата. Од ФИФА известија дека технологијата со која ќе се утврдува дали топката ја

минала или не гол линијата, за првпат ќе биде употребена на Светското првенство за клубови кое во декември ќе се одржи во Јапонија. Доколку новиот систем се покажа како успешен, тогаш видео технологијата ќе се употребува на Купот на конфедерации во 2013, а потоа и на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Последните години имаше неколку примери кога топката ја минуваше гол линијата, а судиите тоа не успеаја да го забележаа. На Европското првенство во Полска и Украина, судиите не видоа регуларен гол на украинскиот напаѓач, Марко Девиќ на мечот со Англија.

ФИФА ќе употребува два системи, првиот е оној веќе познат, „Око соколово“, кој се употребува во тенисот. Шест камери ќе го снимаат движењето на топката и по компјутерската обработка ќе се донесе одлуката дали топката ја минала гол линијата.

Вториот систем е развиен во Данска и Германија и е наречен „GolRef“, тој работи на друг принцип: топката ќе има вграден чип, а дали таа ја минала гол линијата ќе го утврдуваат магнетни полиња. Известувањето дали бил гол или на судијата ќе му пристигнува на неговиот часовник.

Дозволени муслиманските шамии

Вчера, Меѓународниот одбор на фудбалски сојузи на ФИФА донесе уште една важна одлука. Имено укината е забраната за носење шамии на фудбалските терени. Одборот ги одобри шамиите откако медицискиот комитет на ФИФА заклучи дека два вида на шамии, не ја загрозуваат безбедноста на фудбалерките.

Потпретседателот на ФИФА, принцот Али од Јордан водеше едногодишна кампања за укинување на забраната за носење шамии, и бараше да им се дозволи на муслиманските фудбалерки, кои живеат во земји во кои е обавезно носењето шамии во јавност, да играат со нив.

Минатата година Иран беше дисквалификуван од квалификациите за Олимписките игри во Лондон, бидејќи на спортистките на им беше дозволено да носат шамии.