1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Околу пладне значително се заостри безбедносната ситуација околу Г8

На демонстрантите постојано им успева да ги заобиколат полициските контролни пунктови - полицајците само делумно успеваат да ги задржат

default

Илјадници противници на самитот кај Ределих се пробија до самата заштитна ограда. Од групата беа фрлани камења против полицајците. Полиицијата против нив употреби водени топови. “Употребата на водените топови значи и крај на стратегијата деескалација”, рече претставник на силите за безбедност. И на друга група од околу 300 демонстранти и’ успеа да се пробие до заштитната ограда на друго место. Според решението на Вишиот управен суд од Грајфсвалд од пред неколку дена, протести на самата ограда не се дозволени.

Некои демонстранти ја блокираа пругата што од Бад Доберан води кон Хајлигендам. Претходно полицијата исто така со употреба на водени топови успеа да растури блокада на еден приоден пат кон местото во кое ќе се одржува самитот. Репортер на агенцијата ДПА извести дека атмосферата кај демонстрантите била многу напната. Полицијата донесе големо засилување, во акција беа стотици нејзини припадници, кои употребија палки и гас-солзавец. Портпарол на специјалната единица рече дека “полицијата не е изненадена и е во акција со големи сили”.

Според наводи од безбедносните органи, критичарите на глобализацијата блокирале и автопат во близината на Росток, по кој треба да поминат делегациите за самитот во насока кон Хејлигендам. “Се надевам дека блокадиве се успешни. Овде работите изгледаат добро”, коментира еден од учесниците во блокадата.

На демонстрантите постојано им успева да ги заобиколат полициските контролни пунктови. “Ова што го гледате е тактика на пет прсти. Полицијата доаѓа со хеликоптери, носи стотици полицајци, а ние ги користиме ливадите, ги развлекуваме нашите редови и така се провлечкуваме покрај полицијата. Тоа ни упеа повеќе пати” – објаснува друг учесник во демонстрациите. Полицајците навистина само делумно успеваат да ги задржат. Главнината останува мирољубива, само поединнци од таканаречените автономни фрлаат со камења по силите на редот. “Тоа е нормално, оти има војна и сиромаштија насекаде во светот. Насекаде има и улични битки, што значи само дека политичарите не сфатија што сакаат луѓето” – го оправдува насилството еден противник на глобализацијата допатуван од Италија.

Инаку, Сојузниот уставен суд денеска го забрани за утре планираниот ѕвездест марш од повеќе насоки кон Хајлигендам. Решението е образложено со безбедносни ризици.