1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оклопниот воз на Ким пристигна во Русија

Севернокорејскиот владател Ким Јонг Ил денеска пристигна во една од ретките посети во Русија. Централна точка на еднонеделната посета во Сибир и далечниот исток на Русија ќе биде средбата со рускиот претседател Медведев.

default

Севернокорејскиот владател Ким во Русија

Ким е познат по својата грижа за сопствената безбедност поради што за патувањата постојано го користи својот специјален воз. Севернокорејската новиснка агенција КЦНА во штуро соопштение потврди само дека Ким се наоѓа во „неофицијална посета“ на Русија. Портпарол на Медведев најави средба на рускиот претседател со Ким за средината на идната недела.

На последната посета на Ким Јонг Ил на Русија во 2002 година тој се сретна со тогашниот руски претседател Владимир Путин во Владивосток. Според тврдењето на портпаролот на Путин, кој во меѓувреме е премиер, тогаш не дошло до средба на двајцата политичари.

Посета во време на огромна криза

Непотврдени извештаи во медиумите велат дека сегашната посета на Ким на Русија била планирана за крајот на јуни, но била постојано одложувана. Додека севернокорејските медиуми причината за тоа ја лоцираат во разликите во мислењата, јапонската агенција Кјото наведува дека тоа било поради лошата здравствена состојба на Ким.

Аналитичарите целта на посетата на Ким ја гледаат во барањето хуманитарна и економска помош за совладување на кризата со глад во изолираната комунистичка држава. Според Европската комисија, ситуацијата со снабдување со животни продукти таму е толку лоша, што народот јаде трева. Москва вчера најави испраќање 50 илјади тони пченица како помош против „акутниот недостиг прехранбени производи“.

Russland Nordkorea Kim Jong Il Besuch August 2011

Специјалниот воз на Ким Јонг Ил

Руски интереси

Традиционално, односите на Северна Кореја се поблиски со ито така комунистичката КИна отколку со Русија. Но, со оглед на сегашната криза, Пјонгјанг очигледно бара засилен контакт со Москва. Пред неколку дена рускиот претседател Дмитри Медведев ја повија Северна Кореја на соработка во градбата на гасоводи, железница и далноводи преку нејзината територија. На Русија и‘ е потребен гасовод за траспорт кон Јужна Кореја, која долгорочно планира изградба на железничка линија кон Русија и кон Кина.

На средбата во Русија веројатно ќе стане збор и за спорната севернокорејска атомска програма. шестпартитните разговори со САД, Јужна Кореја, Русија, Јапонија и Кина, Пјонгјанг ги прекина официјално во април 2009 година. На почетокот на август севернокорејскиот министер за надворешни работи најави продолжување на преговорите „ во блиска иднина“ и тоа без предуслови.

Автор: ЖА/СН/афп

Редактор: Симе Недевски