1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ОЕЦД: Фондот за помош на еврозоната мора итно да се зголеми

Организацијата за економска соработка и развој, ОЕЦД, бара зголемување на постојаниот чадор за спас на еврото на најмалку еден билион евра.

Генералниот секретар на ОЕЦД Ангел Гуриа денеска во Брисел порача дека еврозоната би требало итно да преземе мерки за да го зголеми својот фонд за помош на презадолжените членки . За да се смират пазарите, двата европски фонда за поддршка на еврото, ЕФСМ и ЕСМ мора да ги запрат можните дупки во финансирањето на економски ослабените земји, се вели во годишниот извештај на ОЕЦД за состојбите во еврозоната.

Според него, понудата на германската канцеларка Ангела Меркел за дополнување на фондовите на сума од 700 милијарди евра, не е доволна.

Волуменот на фондот од кој се финансира помошта за презадолжените членки на еврозоната треба да изнесува најмалку билион евра за да може повторно да почне да го остварува економскиот раст, порача денеска Анхел Гуриа.

„ Поголемиот фонд би им дал на владите дополнителен простор за да можат да се насочат на поттикнување на економскиот раст и на конкурентноста на Европа“, рече Гуриа, по повод објавувањето на годишниот извештај на ОЕЦД за состојбата на еврозоната.

Во извештајот се наведува дека на презадолжените членки на еврозоната во наредните две години би можела да биде потребна помош во износ поголем од еден билион долари.

Гурија дополни дека министрите по финансии од 17-те држави од еврозоната би требало на наредниот состанок во Копенхаген кон крајот на неделава, да донесат одлука за зголемувањето на обемот на фондот за помош.

Германија, најголема економија во еврозоната, вчера најави дека би поддржала само привремено зголемувањето на обемот на фондот на околу 700 милијарди евра. Меѓутоа, тоа е помалку од износот што го препорачаа Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и би можело да не биде доволно да се убедат големите светски економии, пред се’ Кина и САД, да и дадат поголема помош на Европа преку ММФ.