1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ОЕЦД – претпазлив оптимизам

Економскиот развој во зоната на еврото, според проценките на Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦЕДЕ, во идната година ќе биде забрзан. Во најновиот извештај за конјунктурниот развој организацијата предвидува пораст на брутопроизводот од 1,9 насто за наредната и 2,5 за 2006.

“Пораст со противветер“ пишува во извештајот на ОЕЦЕДЕ. По силниот економски пораст во оваа година, вкупната конјунктура пред се во првото полугодие на идната година, ќе биде соочена со некои ризици, вели експертот на оваа организација Андреас Вергетер:

“Цената на нафтата, но и високите буџетски дефицити, како и оној на САД секако претставуваат фактори на ризик“.

И натаму проблематична е економската структура во Германија, што според зборивте на германскиот експерт Екехард Вурцел, е посебно чувствителна на надворешните шокови:

“Во Германија имаме ситуација во која економијата е исклучително зависна од извозот. Тоа значи дека она што во светот тече негативно, посебно силно се одразува во Германија и врз економските активности“.

Според тоа, во Германија побарувачката од странство останува доминантен фактор. Тоа, според мислењето на ОЕЦЕДЕ во принцип е позитивно, но негативна е домашната потрошувачка чии причини Вурцел вака ги гледа:

“Во Германија имаме салб пораст на реалните приходи. Тоа произлегува и од фактот што имаме постојан пораст на невработеноста. Не може да се очекува ниту големо покачување на пензиите. Домашната побарувачка останува слаба точка. Тоа постепено ќе се подобри како последица на зглемувањето на инвестициите“.

Посилен скок се очекува дури по две години и тоа од 2,3 насто, предвидува ОЕЦЕДЕ. Дури тогаш ќе се зголеми и процесот на вработувања,а дефицитот повторно ќе падне под границата од 3 насто. Оттаму, експертите и препорачуваат на владата, да го продолжи започнатиот процес на реформи.