1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ОЕЦД: пофалби и критики за Германија

Најновиот извештај на ОЕЦД, претставен вчера во Берлин, содржи пофалби и прекори за Германија. Да не се воведува најниска плата и поддршка на вработувањето на жените, гласат предлозите

default

Неопходни се реформи

Од аспект на ОЕЦД, развојот на германската економија е добар. Тоа е последица на порано спроведените реформи, како што наведе генералниот секретар на економската организација, Ангел Гуриа. Но, Мексиканецот има забелешки на недостаток на подготвеност за натамошни реформски резови. Кога, праша тој реторички, треба да се спроведат реформите?

„Тогаш кога оди добро, во поволни времиња“, гласи неговиот одговор. Но, искуството на ОЕЦД покажува дека најчесто сите земји посегнуваат по реформи во кризни времиња, кога нема избор, а тогаш тие се најболни.

Развојот ќе подзапре

Силниот развој во Германија во првиот квартал од оваа година продолжува. Сепак, Гуриа предупредува:

„Порано или подоцна спротивните ветрови кои доаѓаат од светското стопанство ќе го закочат растот на извозот. Тоа ќе се почувствува и во Германија.“

Затоа е и неговата опомена за натамошни реформи. Препораките се јасни, а во земјата се спорни. Генералниот секретар го критикува пропишувањето најниски плати за одделни бранши, што во моментов го врши Германија:

„Меѓународното искуство покажува дека зафатите во областа на платите секогаш се ризична работа.“

Подобро би било воведување единствена национална минимална плата, се додека таа не е превисока.

Поголема вработеност на жените

Како важен елемент за натамошниот развој Гуриа го смета стареењето на германското население, а бара и поголема работна ангажираност на жените. ОЕЦД затоа предлага итно обезбедување сместување на децата во градинки:

„Во секоја земја од ОЕЦД во која беше стимулирано вклучувањето на жените во работата, тоа донесе позитивни влијанија.“

Оваа препорака веројатно во Германија полесно ќе се примени отколку другите, како натамошно разлабавување на заштитата од отказ за вработените или коренити промени во образовниот систем. Гуриа заклучи, навикнат е препораките од ОЕЦД да не се применуваат, не само во неговата родна земја, Мексико.

►◄