1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ОЕЦД планира напад на даночните засолништа

Водечките индустриски нации долго време бараат поголем залак од даночните приходи стекнати од мултинационалните корпорации. Сега, тие конечно соработуваат на акциски план за затворање на даночните дупки.

Големите мултинационални компании - без разлика дали е Епл, Старбакс или Фолксваге н- го пренасочуваат својот профит секогаш кога ќе забележат даночно олеснување и ги покриваат трагите. Таквото маневрирање е легално поради недостаток на правила и прописи за одбегнување на данок.

Но тоа може да се смени. На 19 јули, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) има за цел да претстави план за да ги спречи даночните трикови на моќните мултинационални компании - план кој тие се надеваат дека ќе биде имплементиран подоцна од дваесетте најважни индустриски земји и земји во забрзан подем - Г20. До првиот нацрт на акцискиот план стигнаа германските медиуми. Неговата клучна порака е: Корпорациите треба да плаќаат данок без разлика каде е создадена вредноста на производот или услугата, услов направен за да се поткопа пренасочувањето на профитот.

Колку транспарентни треба да бидат податоците на корпорациите?

Според планот, мултинационалните компании мора ги откријат сите трошоци во земјите на ОЕЦД, вклучувајќи ги и трошоците за лиценца, заработената камата, надоместоците за администрација и платите. „Ова е строг збир на правила, многу построг од што било друго, што сме имале претходно“, вели даночниот експерт, Мајкл Борман, од „Вентурис“, консултантска фирма за управување со БДП. Тој додава дека правилата значително ќе ги попречат компаниите да ја префрлаат добивката стекната од земји со повисок данок во земји со понизок данок.

Markus Meinzer

Маркус Мајнцер е за тоа да има компании за данок во земјата каде потрошувачите ги купуваат своите производи онлајн

За Маркус Мајнцер, од германската група за камата, „Мрежа на праведен данок“, влијанието на ваква програма зависи од тоа дали податоците ќе бидат достапни до секого, или само до даночните власти. „Само кога податоците се јавни, потрошувачите се во позиција да донесуваат одлуки“, вели тој, подвлекувајќи ја важноста за сите, корпоративните податоци да бидат предмет на целосна транспарентност. „Само на ваков начин, тие можат да направат јасна проценка за однесувањето на компанијата“.

Но, Борман смета дека од легален аспект би било тешко да се спроведе таква транспарентност, укажувајќи на условите за доверливост на данокот што спречуваат откривање пред сите граѓани. Исто така, тој тврди дека нема јасен правен систем за да ги натера само големите корпорации на целосна транспарентност. „Воспоставување на граница за одредени продажни суми е многу произволно“, вели тој.

Интернет компаниите како посебен случај

Според Борман, додека продажбата на кафе, во случајот на Старбакс, вклучува јасна физичка поврзаност помеѓу купувачот, производот и парите, земјите на ОЕЦД водат борба со виртуелните конекции во светот на интернетот и со тоа како да се оданочат компаниите, како Гугл и Амазон. Тој тврди дека е многу за онлајн операторите да ја пренасочат добивката.

Мајнцер се согласува. „Интернет компаниите немаат потенцијална вредност“, вели тој. Затоа тој е за да има компании за данок во земјата каде потрошувачите ги купуваат своите производи онлајн. „Прегледите би биле добра почетна точка за да се види каде може да се оданочат добивките“, вели тој. По првиот нацрт на ОЕЦД, идеите треба да бидат интегрирани во нов закон во 2014.

Starbucks London Großbritannien Hauptstadt Stadt Café Kaffee

Продажбата на кафе, во случајот на Старбакс, вклучува јасна физичка поврзаност помеѓу купувачот, производот и парите

Овој пристап, се согласуваат експертите, ќе ги спречи земјите со понизок данок да користат поволни даночни модели за да се натпреваруваат со другите земји. Исто така се размислува во планот да бидат вклучени и земјите што не се во ОЕЦД. „Германските даночни власти, кои сакаат да ги покачат своите даночните приходи, веруваат дека е логично единствено да се биде против сите земји со пониски даноци“, вели Борман. Меѓутоа, тој смета дека даночното натпреварување може да биде корисно и посакувано само кога се заснова на реални бизниси. „Зошто да не може земјата да користи даночна предност за да ги привлече компаниите да бидат локално присутни?“, прашува Борман. Справувањето со компаниите со „поштенско сандаче“, додава тој, би било едноставно - меѓународен договор, на пример, може да наложи дека ако нема бизнис активности позади компанијата, нема да има ни даночни олеснувања.

Нема одлука пред септември

Cannes G20 Gipfel Frankreich Gruppenbild Flash-Galerie

Официјалниот нацрт ќе биде дискутиран од Г20 пред нивниот самит во Санкт Петербург во септември

Според Мајнцер, ОЕЦД би бил успешен во неговата битка со одбегнување на данок ако надзорните тела се воспостават да ги регулираат компаниите. Ако се претставени само доброволни мерки, милијарди долари од даночно олеснување ќе продолжат да се лизгаат низ прстите на властите, верува тој.

Официјалниот нацрт ќе биде преставен на 19 јули и ќе биде дискутиран од Г20 пред нивниот самит во Санкт Петербург во септември. Големите мултинационални компании потоа можеби ќе забележат дека нивните даночни трикови веќе не успеваат.