1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Од ЦЕФТА “ни зијан, ни ќар“

Август ќе и го донесе на Македонија членството во ЦЕФТА – Централно-европската иницијатива за слободна трговија, во која по проширувањето на ЕУ останаа уште само Романија, Бугарија и Хрватска. Македонија ќе биде четвртата земја во овој трговски сојуз, чија иднина иднина станува беспредметна, особено што по пртистапувањето на унијата, ЦЕФТА ќе ја напуштат и Бугарија и Романија.

default

Идејата на Брисел е ЦЕФТА да биде наследена од СЕФТА, новата регионална унија за слободна трговија, во која заедно со Македонија и Хрватска ќе се здружат и другите земји од поранешна Југославија, плус Албанија. Но, тоа е планот за догодина. Сега трговијата ќе се одвива според правилата на ЦЕФТА.

Членството во ЦЕФТА нема да и нанесе штети на македонската економија, но нема да донесе ни големи придобивки, со оглед на тоа што земјата и сега има прилично либерализиран режим, регулиран со билатералните договори. Очекувањата на експертите се дека трговијата може да се зголеми за 20-тина проценти или уште повеќе, ако на ЦЕФТА и Албанија. Но, членството во ЦЕФТА нема да ја спаси Македонија од огромниот трговски дефицит – минатата година тој изнесуваше милијарда и двеста милиони долари. До ваквиот неславен рекорд земјата стаса оти неподготвена за конкуренција се отвори за странските стоки. Владата мора да најде форма да го заштити домашното производство, порачува професорката Марија Зарезанкова Потевска:

“Владата мора со скриени заштитни мерки да го заштитува своето производство. За жал тоа не го правиме и сметам дека заради тоа дојдовме до состојба да трговскиот дефицит е зголемен. “

Најоптимистичките прогнози гласат дека влезот во ЦЕФТА е позитивен сигнал и за странските инвеститори, бидејќи трговијата ќе нема бариери, па инвеститорите ќе го гледаат пазарот како единствен.