1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Од Цветници до Велигден

Неделата пред Велигден се нарекува уште и Страстна недела. Таа е последната недела од животот на Исус, во која се одржале тајната вечера, распнувањето на Христос, неговиот погреб, како и воскреснувањето од мртвите.

default

Како во православната, така и во католичката црква - јајцата се вапсуваат на Велики четврток

Празнувањето на Велигден, всушност, почнува уште пред една недела со празникот Цветници. Tоа е денот нa Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. Кога Христос влегoл во Ерусалим, луѓето го пречекaле со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња, пречекувајќи, го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.

Целата недела од Цветници до Велигден се нарекува уште и Страстна недела, или недела на страдањата. Таа е последната недела од животот на Христос, во која верниците се потсетуваат на неговите маки. Сите денови од оваа недела се нарекуваат уште и Велики - Велики понеделник, Велики вторник итн.

Победа над злото и смртта

Filmszene Die Passion Christi Miniquiz 2004

Во овие денови верниците се потсетуваат на маките и страдањата на Исус

На Велики четврток се одржала т.н. тајна вечера, на која присуствувале Исус Христос и дванаесетте апостоли. Тоа е вечерта кога од Христос се откажале двајца негови ученици, Симон Петар и Јуда Исхариотски, кој го предал Исус. Според германскиот обичај, на овој ден на трпезата треба да се најдат „зелени“ јадење, како на пример спанаќ.

На Велики петок се случило распнувањето на Исус на крстот. За евангелиската црква, ова е најтешкиот празник. Во католичката црква, на Велики петок нема света миса. Во евангелието, пак, попладнето, точно на часот на распнувањето на крстот, се одржува миса, посветена на маките и страдањата на Исус.

Велика сабота е ден на тишината и погребот на Исус. Во евангелиската црква миса не се одржува на овој ден. На олтарите нема ниту свеќи, ниту цвеќиња. Со ова, црквата потсетува на маките и страдањата на Исус. Саботата навечер, пак, изобилува со многу обреди, кои му претходат на големиот ден - Велигден - денот кога Исус Христос воскреснал од мртвите и на тој начин ги победил злото и смртта.

Временскиот рок меѓу последната миса на Цветници до самиот Велигден во недела, во католичката црква уште се нарекуваат и „трите велигденски денови“.

Автор: ТТдпа/миа/

Редактор: Жана Ацеска