1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Од Хонгконг преку Москва до... Сноуден се засолнува од властите на САД

Поранешниот американски таен агент Едвард Сноуден избегна негова екстрадиција во САД и од Хонгконг прибежиште најде во Москва. Целта на неговото патување засега е непозната.

Поранешниот соработник на тајните служби на САД Едвард Сноуден очигледно пристигна во Москва. Летот со број СУ213 слета на аеродромот Шерметјево во Москва, соопштија аеродромските власти. Засега никој не го видел Сноуден, но според информациите кои доаѓаат од Москва, американскиот државјанин аеродромот го напуштил во дипломатско возило со црвени регистерски таблички во непознат правец.

Со оглед на тоа што против него нема никакво обвинување во Русија, тој нема да биде уапсен, сопштија руските власти, кои исто така уверија дека Сноуден не поднел барање ниту за виза, ниту за азил. Претходно портпарол на претседателот Путин изјви дека Русија би разгледала едно такво барање. 

Дали поранешниот таен агент ќе остане во Москва, во некоја тамошна амбасада ќе побара засолниште или ќе го продолжи патувањето во моментов е неизвасно.  

Snowden Plakat

Едвард Сноуден обелодени информации за тајна американска и британска програма за шпионажа на интернетот и телефонијата

Москва, според некои медиумски извештаи не е крајната цел на Сноуден. Според инфомации на весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ тој можеби ќе патува за Еквадор или Исланд. Руските медиуми шпекулираат дека рутата на Сноуден води преку Куба до Венецуела.

Владата во Хонгконг утрово соопшти дека 30-годишниот Сноуден легално го напуштил Хонгконг. Сноуден откако ги објави информациите за тајната програма за шпионирање на САД „Призм“ се засолни во Хонгконг.

„Барањето за екстрадиција не ги исполни условите“

Властите на Хонгконг имено требаше да го испорачаат Сноуден на САД, барем така сметаат американските правосудни власти. Тие изминатиот петок официјално го обвинија Сноуден за шпионажа и поднесоа барање за негова ексрадиција. Властите во Хонгконг меѓутоа донесоа поинаква одлука. И покрај барањето за негова испорака, тие дозволија отркивачот на тајната програма за шпионирање легално да го напушти Хонгконг, оти документите на американската влада не одговарале „целосно на барањата на законите кои владеат во Хонгконг“. Оттука немало легална причина на Сноуден да му се забрани да го напушти Хонгконг.

За одлуката на Хонгконг американскиот таен агент Едвард Сноуден да го нашпушти Хонгконг во правец на Москва, портпаролката на американското министерство за правда Нанда Читре во соопштение кусо потврди: „Властите на Хонгконг не' информираа дека Сноуден го напушти Хонкгконг во правец на трета земја.“

Но, спектакуралното патување на Сноуден сепак предизвика големо неговдување во САД. Гневот не беше насочен само против властите на Хонгконг, туку и против Москва. Влијателниот демократски сенатор Чак Шумер се закани дека тоа ќе има „сериозни консеквенции“ за руско-американските односи. Претседателот на Русија Владимир Путин мора да знаел за акцијата, изјави тој за ТВ станицата СиЕнЕн.

Дали НСА „хакирала“ кинески мрежи?

Дипломатски јаз започна претходно и меѓу Кина и САД, по интервјуто на Сноуден за весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ каде тој објави дека американските власти собирале информации од кинеските фирми за мобилна телефонија и веќе имале собрано милиони СМС податоци. Американските шпиони преку тоа навлегле во системот на реномираниот универзитет Tsinghua во Пекинг, преку кој се одвива голем дел од кинеската интернет комуникација. Исто така „хакиран“ бил и азиско-пацифичкиот управител со оптичките кабли „Пакнет“.