1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Од стечајци до успешни фармери

Дел од некогашните индустриски работници во Македонија кои станале технолошки вишок или стечајци, за да си ја обезбедат повторно егзистенцијата и да не пропаднат во зоната на сиромаштија, станаа фармери.

default

Агенцијата за вработување на Македонија, заклучно со годинашниов јули, регистрира речиси 20 илјади невработени лица - приматели на парична помош како стечајци, или технолошки вишоци во нивните поранешни претпријатија. Тоа е само дел од армијата од 303 илјади безработници, евидентирани заклучно со август 2011 година. Една од шансите, кои ги бараат и ги искористуваат некогашните индустриски работници за да си ја обезбедат повторно егзистенцијата и да не пропаднат во зоната на сиромаштија, се индивидуалните земјоделски стопанства. Истражувачкиот труд „Менаџмент на индивидуалните земјоделски стопанства“ на Тодор Галев, професор по агроекономика на Факултетот за земјоделски науки и храна на Државниот универзитет во Скопје, и на Јорде Јакимовски, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, донесоа низа значајни согледувања во оваа област.

Најголем интерес за трговијата, па за аграрот

Јакимовски, како експерт за социологија на развојот на селата, укажува на една од констатациите во таа студија:

„Од оваа студија може да се види добро дека индивидуалните земјоделски стопанства се потенцијал за развојот на аграрот, на селските средини и на земјата во целина. Веќе се создаваат услови одредена популација, која била во

Wetter: Reifer Winterweizen

индустријата, но останала без работа, да може да се врати назад во селото, да може да се занимава со земјоделство. Тоа го покажуваат и најновите истражувања на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, во кои што имавме прашање ’Дали сакате да активирате приватен бизнис’. Најголем дел од популацијата сака и на прво место ја става трговската дејност, а на второ - аграрот. Се работи повеќе за повозрасна популација, која е пред пензионирање. Тие сакаат да се вратат во селата, но, под услови да имаат поддршка од државата.“

Миле Пешевски, професор по агропретприемништво и менаџмент на фарми на Факултетот за земјоделски науки и храна, истакнува:

„Поради немање егзистенција во моментот и ослободени од потребата да наоѓаат простор во селската средина, тие се враќаат назад во своето место на раѓање и таму се изјаснуваат како земјоделци. Ним им се овозможува да се пријавуваат за поддршка на земјоделското производство од Владата.“

На наредната страница:

„Спасот е основање земјоделски стопанства на татковските имоти

Поврзана содржина