1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Од старите училишни клупи до модерните лаптоп компјутери

Концептот на „E-Learning“ се смета за образовна форма на иднината. Електронското учење е соодветно и за земјите во развој. Во Дакар се оддржува голема „E-learning“ конференција.

default

Наставните часови во иднина би можеле да изгледаат вака: ученикот го отвора својот лаптоп, дома, на масата во кујната. Додека тој го подготвува појадокот, неговиот портал за учење воспоставува врска со неговите соученици. Апстрактните теми, како математичките задачи се вежбаат со помош на интерактивниот софтвер за учење, независно од просторот, времето или наставниот персонал.

E-Learning als neue Studienform

E-Learning како нова студиска форма

Компјутерот, интернетот и електронската мрежа ја заменуваат старата училница, заштедуваат пат до неа и овозможуваат флексибилно распределување на времето. „E-Learning“ не е секогаш само електронско учење, бидејќи во него се кријат различни концепти: под т.н. компјутерски базираното учење, се подразбираат компјутерски поддржувани програми за учење. Со еден лаптоп без обезбеден интернет приклучок, веќе може, сеедно на кое место или во кое време, да се научи нов јазик или нов компјутерски софтвер.

Наспроти ова, за „Web based training“ – учењето потребна е интернет конекција; преку интернет серверите може да се пристапи до материјалот за учење. Преку и-мејловите и форумите за дискусија се одговараат прашања, на екранот може да се гледаат и видео снимки од предавањата и тие се „пренесувани“ во живо. Удобното учење овозможува визуелна, звучна и говорна врска, со посредство на веб камера.

Комбинирано учење кое го збогатува знаењето

Најупотребуваниот концепт на „E-Learning“ е мешавина меѓу онлајн учењето и наставата која се случува во моментот, т.н.

BdT Deutschland Messe CeBIT Ein Computer für jedes Kind

Комјутер за секого

„комбинирано учење“. Реалниот почеток и крајот на процесот оформуваат една самоорганизирана онлајн фаза на учење, во која, учесниците на семинарот комуницираат и разменуваат материјал за учење преку интернет форумите и собите за разговор. Предавачот се јавува во улога на дигитален модератор.

И покрај почетната еуфорија, електронското учење се‘ уште е само еден сегмент на пазарот за понатамошно усовршување на учениците, универзитетите и претпријатијата. Експертите се‘ уште расправаат дали електронското учење навистина ќе го направи учењето поефикасно, бидејќи тоа што се учи на екранот, не значи дека е автоматски и подобро дидактички обработено. Едно е секако сигурно: преку „Е-Learning“, светот на знаењето значително ќе се збогати.


Автор: Ричард Фукс / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска