1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Од селанка до икона на модата

Оваа година, во француските кина ќе бидат прикажани дури два филма за иконата на модата - Коко Шанел. Првиот, со Одри Тату во главната улога, денеска (13.08.2009) започнува да се прикажува и во германските кина.

default

Француската актерка Одри Тату на филмската премиера во Мадрид

По филмот за Едит Пјаф „Животот во розево“, во германските кина за кусо време доаѓа уште една филмска биографија „мејд ин Франс“. Во оригинал филмот носи наслов „ Коко аван Шанел“, што значи „Коко пред Шанел“ и во него режисерката Ан Фонтен ги прикажува првите 28 години од животот на кралицата на модата, која израснала со нејзината сестра во еден дом за сираци, потоа играла во различни Вариете-шоуа, подоцна, пак, била издржувана од

Mode von Coco Chanel Kalenderblatt

Познатите Шанел-костуми - препознатлив стил

еден од нејзините љубовници и сосема полека, и повеќе случајно, го открила својот вкус за модата. Одри Тату смета дека е предност тоа што филмот обработува само исечок од животот на модната креаторка: „Немав страв да одглумам една икона, но стравував од тоа да играм една позната жена, за која, меѓутоа, не се знае многу. Од времето на нејзината младост, пред да стане позната, има само малку материјал. Сепак, брзо бил препознаен нејзиниот талент и и‘ успеало со многу знаење да ги покрие нејзините грешки и карактерни слабости.“

„Шанел во староста била прилично несимпатична“

Една од причините зошто филмот за кралицата на модата функционира толку добро покрај актерското остварување

Coco Chanel

Коко Шанел со многу знаење ги покривала своите карактерни слабости

на Одри Тату лежи и во режисерката Ан Фонтен. Таа не се смета себеси за феминистка, но во најдобра смисла на зборот е режисерка која со задоволство ги сместува жените во центарот на нејзините приказни. Притоа, Фонтен многу трезвено гледа на личноста на Коко Шанел.

„Младоста кај митска фигура како Коко Шанел е многу потаинствена, но и многу попоучна. Како на оваа селанка од провинцијата, која самата се образувала, и‘ успеало така успешно да го пронајде сопствениот стил? Не сакав да снимам академски филм, кој го опфаќа целиот нејзин живот. Тоа би било апсурдно. Младоста на еден човек е секогаш поинтересна, зашто човек е поповредлив и подобро гледа што се случува. Шанел, на крајот на животот, била многу авторитарна и многу тврда и прилично несимпатична, тука мора да се каже каже вистината.“

Автор: Јерг Тажман / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска