1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Од рударски јами до врвна култура

Рурската област во Германија официјално ја започна презентацијата како „ Европска престолнина на културата во 2010 година“. Регионот од рударски и индустриски центар прерасна во модерен еколошки и културен простор.

default

На церемонијата во градот Есен, кој ја предводи Рурската област како „Европска престолнина на културата“, беше претставена и културната програма со околу 2500 различни приредби во која во текот на наредните месеци ќе можат да уживаат сите посетители на Рурската област.

Германскиот претседател Хорст Келер беше еден од говорниците на свеченоста, порача дека во Рур можат да се откријат многу занимливи работи. Келер во неговото обраќање ја истакна и улогата на културата во структурните промени во Рур.

„ Заедничката цел наречена „Културна престолнина“ ослободи многу енергија и го зајакна чувството на заедништво во целата Рурска област, преку границите на поединечните градови и личните интереси“ , порача Келер.

Präsident Horst Köhler bei der Eröffnung der Feierlichkeiten in Essen als Kulturhauptstadt

Претседателот Хорст Келер на свеченоста во Есен

Барозо: Модерна Европа почна со јагленот и челикот

Пред гостите на свеченоста во Есен, која се одвиваше во услови на обилни врнежи од снег, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, потсети на тоа дека идејата за модерна Европа започнала со јагленот и челикот.

„ Овде не се топел само челик. Во руската област се претопувале меѓу себе народи и култури. Рурската област-тоа се пет милиони луѓе кои со храброст и креативност направиле трансформација и ги издржале сите непогоди“ , истакна Барозо.

Јирген Ритгерс, премиер на германската покраина Северна Рајна Вествалија, во која се наоѓа Рурската област, пак го истакна уникатниот карактер на Рур:

„ И ако ме прашате, што е метрополата Рур, тогаш ќе ви кажам едно нешто: таа е поинаква, поинаква отколку што се мисли“ , рече Ритгерс.

Рурската област годинава ја носи титулата „Европска престолнина на културата“ заедно со градовите Печуј од Унгарија и Истанбул од Турција.

Автор: СН/ЖА/ дв/дпа/афп