1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Од резолуција за Иран – засега ништо!

Нема напредок во преговорите што се водат во Советот за безбедност на ОН околу резолуцијата за Иран. Од дипломатски извори се вели дека Русија и Кина и натаму се стриктно против повикување на членот седум од Повелбата на ОН, кој го овластува Советот за безбедност да употреби мерки, кои се движат од санкции до воен напад. Утревечер, министрите за надворешни работи на петте постојани членки на Советот и на

Џон Болтон, американски амбасадор во ОН, говори на тема Иран

Џон Болтон, американски амбасадор во ОН, говори на тема Иран

Германија, во Њујорк повторно треба да одржат разговори на тема Иран.

Ангела Меркел за време на својата куса посета на Њујорк уште еднаш јасно ја формулираше целта во конфликтот околу иранската атомска програма:

“Мислам дека е многу важно и вакво гледање на работите имаме сите, па и Русија, дека треба да се направи се за да се оневозможи Иран да дојде до нуклеарно оружје.“

Велика Британија, Франција и САД во Советот за безбедност направија се за предлогото резолуција што е на маса да ја претворат во резолуција за Иран. Во текстот, иранската атомска програма е означена и осудена како закана за меѓународниот мир и безбедност. Но, неформалната средба на 15-те членки на Советот за безбедност не донесе напредок. Кина и Русија и натаму се стриктно против резолуција која ќе се повика на членот седум од Повелбата на ОН, затоа што, како што сметаат овие две земји иако во текстот не е стои експлицитно, на тој начин би се отворил пат за санкции. А, тие би можеле да се движат од економска блокада до воени напади.

Јазот, во моментов се чини непремостлив. Во Њујорк, во моментов, може да се биде сведок на дипломатија во нејзините најфини облици. Се држат седници едно по друго, по кои сите меѓусебно даваат уверување дека тоа биле добри разговори. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, вели:

“Ова беа добри дискусии за уште еднаш точно да се види за што се работи во резолуцијата.“

Потсетување: Русија не сака резолуција која ќе се повикува на членот седум, и тоа о смета дури и за пречка доколкус е сака да се дојде до решение по прашањето на Иран. Неговиот англиски колега, Емир Џонс Пери, кој ја поднесе резолуцијат во Советот за безбедност, по истата седница со изјава: “Дискусиите беа од помош. Англија и франција уште еднаш ја објаснија логиката на резолуцијата и врз таа основа ќе разговараме и натаму.“

Американскиот амбасадор, Џон Болтон, за тоа време, така да се каже, “гребе со копитата“ и би работел најрадо во текот на целиот викенд за да се дојде до резултат.

Што се однесува до него, тој би можел да работи 24 часа, но неговите колеги не се одушевени и средбата ја презакажаа за понеделник. На тој начин, е практично исклучено, резолуцијата да биде донесена пред доаѓањето на министрите за надворешни работи в понеделник навечер.