1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Од Рамковниот договор зависи иднината на земјата

Како политичките партии го оценуваат спроведувањето на Рамковниот договор?

default

„Политичките авторитети и институциите на земјата треба да соберат сила и храброст да се исполнат преостанатите точки од Охридскиот договор со донесувањето во парламентот на законите за употребата на албанскиот јазик и за статусот на борците на ОНА“ – апелираше лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, на приемот што го организираше вчеравечер крај Гостивар, по повод шестата годишнина од потпишувањето на Охридскиот договор: „Донесувањето на двата споменати закона е исклучително важно за Македонија ...“ – нагласи потоа Ахмети во изјава за Дојче Веле, додавајќи „ ... бидејќи произведува доверба меѓу заедниците, стабилност, мир и безбедност“. Според Ахмети, „перспективата на Македонија, нејзиното зачленување во Европската унија и во НАТО зависат од целосната примена на Рамковниот договор“.

Потпретседателот на ДПА Бесим Догани ден претходно преку медиумите го изнесе партискиот став: „Тие четири години по ред претендираа дека Охридскиот договор е исполнет, оти сите проблеми во врска со него се надминати. Сега велат дека договорот не е реализиран, оти има голем број проблеми. ДУИ манипулира со граѓаните – Албанци“.

Радмила Шеќеринска, лидерката на СДСМ, од Охрид порача: „Охридскиот договор, неговото точно, навремено имплементирање, беа една од главните политики со кои Македонија стана стабилна држава. Го врати мирот, ја врати стабилноста и безбедноста на граѓаните и успеа да стане земја – кандидат за членство во Европската унија“.

ПДП смета дека постигнатите резултати во примената на Рамковниот договор не се задоволителни, оти тој не се исполнува во целост. Потпретседателот на оаа партија Исмет Рамадани за Дојче Веле дополнува:„Постои секогаш реална можност за евентуална дестабилизација на односите било во рамки на меѓуетничките односи, било во меѓупартиските односи. Никогаш немало полоша ситуација во однос на соработката на релевантните партии за надминување на одредени проблеми, кои и значат многу на Република Македонија во оваа фаза“.

Поранешниот претседател на ПДП и еден од потписниците на Рамковниот договор вчера на приемот на Али Ахмети со изјава до каде е стасано со неговата примена:„Останува уште јазикот и односот на државата кон борците на УЧК да биде ист како со бранителите“.

Владејачката ВМРО ДПМНЕ смета дека Рамковниот се иплементира според планираната динамика.Портпаролот на оваа партија Александар Бичиклиски рече: „ВМРО ДПМНЕ засилено работи на неговата имплементација, за што говорат и констатациите на западните дипломати дека во РМ е постигнат голем напредок во спроведувањето на Рамковниот договор“.