1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Од проблематично дете до „господар на небото“

Со неполни 23 години Грегор Шлиренцауер постигна речиси се’ што еден скијачки скокач може да оствари. Му останаа уште два рекорди, доколку успее да ги собори, ќе биде најуспешниот на сите времиња.

Тој е олимписки победник, светски првак, победник на Светскиот куп, а од вчера и двократен победник на престижната новогодишна турнеја Четири скокалници. Само уште седум скокачи во историјата успеале да го одбранат тој наслов. Сега, како што самиот вели, му преостануваат уште две големи цели:
„Сакам да го соборам рекордот на Мати Никенен кој оствари 46 победи во Светскиот куп и да го освојам олимпиското злато во поединечна конкуренција. Тоа се големи залаци, но верувам дека смеам да си ги поставам тие цели“, вели Австриецот.

Остварувањето на првата цел е многу блиску. Можеби и само неколку недели. Шлиренцауер досега забележа 44 победи во Светскиот куп и му недостасуваат само уште две за да го достигне рекордот на Никенен.

На почетокот на својата кариера Шлиренцауер важеше за арогантно момче и лош губитник. Клучна за него беше сезоната 2006/07 кога животот на 16 годишниот тинејџер преку ноќ се промени. Тогаш медиумите јавно ги развлекуваа деталите од неговиот приватен живот, како наглувоста на левото уво. Тогаш Грегор се сврте кон семејството и тие му останаа најголема поддршка. Таткото Паул некогаш беше успешен скијач, чичкото Маркус Прок беше четирикратен светски првак во санкање. Од нив многу научи. Во меѓувреме од „лошо момче“ стана вистински „семеен човек“.

Фотографија како хоби

Eröffnung der Fotoausstellung Stille Momente in Wien Gregor Schlierenzauer

На отворањето на изложбата во Виена

Вниманието и помпата со кои е опкружен Шлиренцауер од својата 16 година се огромни. Можеби токму поради тоа тој избра едно тивко хоби: фотографија. Во моментов во Виена на една изложба можат да се видат неговите 60 фотографии со мотив: „Моменти на тишината“.

Скијачките скокови, вели, повеќе не му се се’ во животот.

„Станав поопуштен, не сум повеќе толку опседнат и фокусиран само на едно нешто“, вели Шлиренцауер денес.

Пред новогодишната турнеја го прашаа што ќе прави кога ќе ги оствари и своите последни две цели.

„Тогаш ќе ја смена страната“, рече со таинствена насмевка, не објаснувајќи што значи тоа. А можеби ниту самиот не знае. Со 23 години и не мора да знае.