1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Од Милошевиќ до Изетбеговиќ: „Лошите синови“ на балканските претседатели

„Лошите момчиња на Балканот“ е еден од насловите во весниците на германски јазик, кои пишуваат за сомнителните зделки на синовите на некогашните претседатели на балканските држави. Во фокусот е и состојбата во БиХ.

Политичарите како Слободан Милошевиќ, Алија Изетбеговиќ или Ибрахим Ругова со години ја одредуваа судбината на балканските држави. Нивните синови денес привлекуваат внимание со правење скандали или водење на сомнителни бизниси, пишува швајцарскиот весник Тагесанцајгер.
Синот на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова е осомничен дека учествувал во продажба на Шенген-визи. Најпознатото „лошо момче“ меѓу синовите на поранешните претседатели е секако Марко Милошевиќ. Тој во текот на деведесеттите години од минатиот век со помош на цариници и тајната служба го контролираше целото кралство на шверцери кои илегално тргуваа со цигари, бензин и алкохол. Тангесанцајгер посебно се осврнува и на сегашниот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.

Slobodan und Marko Milosevic und Stanisic

Слободан Милошевиќ со синот Марко


„Бакир Изетбеговиќ, синот на Алија Изетбеговиќ, е еден од трите члена на Претседателството на БиХ. Тој се смета за одговорен за политичката блокада и за корупцијата. На последните демонстрации се бараше и негова оставка, а демонстрантите потсетија дека синот на поранешниот претседател набавил Ауди А8 како службено возило. Цената: 120.000 швајцарски франци.
Во Сараево може да се слушне дека архитетот Бакир Изетвегвиќ ја контролира градежната бранша и оти има врски со организираниот криминал. Во еден извештај на ОН за исчезнатите пари за помош на БиХ (станува збор наводно за 1 милијарда долари) Изетбеговиќ ’јуниор’ се товари за корупција: Како шеф на Оделот за урбанизација и развој на градот наводно градежните работи им ги давал на своите пријатели - во замена за пари. ’Сето тоа е лага’, вели овој политичар. Тој не мора да стравува од и онака слабите судски институции во државата“, пишува Тагесанцајгер.

Кога не сакаат политичарите - сакаат Пленумите

Детали за бранот протести во БиХ пренесува австрискиот весник Винер Цајтунг. Цивилното општество работи на формулирање на барањата за реформит, затоа што политичарите не се подготвени за тоа, пренесува овој весник. Наместо на улица, на протести, граѓаните на Тузла и на Сараево се собираат на Пленуми.

Bosnien Herzegowina Außenpolitik

Бакир Изетбеговиќ

„Социјалните протести во БиХ го добија името ’Босанска пролет’, а во меѓународните медиуми како главен виновник за состојбата во етнички поделената земја е наведен Дејтонскиот договор. Договорот требаше да ја запре војната, но само го продолжи конфликтот. Државата во овој момент, гледано привремено, се наоѓа на работ на бездна. Локалните политичари сакаа да ги инструментализираат демонстрациите, при што укажуваа дека зад сето тоа всушност стои конфликтот меѓу Бошњаците, Хрватите и Србите. Сепак, граѓаните не наседнаа на тоа. Протестите додуша речиси завршија, но во Сараево и Тузла се оформени конструктивни форми на отпор: Пленуми на граѓани. На Пленумите не се зборува за едничка припадност, ниту за Дејтонскиот договор, туку на политичарите им се поставуваат реални барања. Во Тузла со работата на Пленумот управуваат главно професори од факултети и претставници на работници. Тие оформија повеќе работни групи. Следи макотрпен процес“, заклучува Винер Цајтунг, кој од печат излегува во Виена.