1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Од критичар на АКП до советник на Ердоган

Јигит Булут е новиот главен советник на турскиот премиер Ердоган. Контроверзниот новинар во последните години направи политичко преобразување – од либерален финансиски аналитичар до безусловен приврзаник на АКП.

„Теоритичарот на завери ќе биде главен советник на Ердоган“ – стои во насловот на интернет страницата на германскиот магазин „Шпигел“, по повод именувањето на Булут на функцијата. „Не, ова не е шега“ – коментира британскиот весник „Гардијан“. Како поранешен главен уредник на телевизијата Хабер Турк, Јигит Булут ги поддржуваше ставовите на Ердоган за протестите во паркот Гези. Исто како и премиерот Ердоган, и Булут го посочуваше „каматното лоби“ како одговорно за немирите во земјата. Банкарите, според Булут, се незадоволни од планираното намалување на основната каматна стапка. Владата сакала да ја намали основната каматна стапка за да се зголеми потрошувачката. Булут смета дека некому не му одговара тоа што Турција во последните 52 години за првпат не му должи на Меѓународниот монетарен фонд.

Türkei Ministerpräsident Tayyip Erdogan und sein Schatten

Дел од турските новинари сметаат дека со новиот советник нема ништо да се промени кај Ердоган

Во информативна програма на телевизијата 24ТВ Булут изјави дека странски сили се обидуваат да го убијат Ердоган со „психокинеза“ (попознато и како телекинеза, односно сила на управување со помош на умот, н.з.). Тој ги обвини и Германците дека ги поттикнувале протестите.

„Луфтхазна веќе неколку месеци прави притисок да не се изгради третиот аеродром во Истанбул. Бидејќи демонстрантите протестираат и против аеродромот, јасно е дека тие имаат поддршка од Германија“, изјави Булут во емисијата на турската телевизија.

Тој од пред една недела е советник на Ердоган. Преку Твитер споделува коментари како „Западот сака да го искористи паркот Гези за да ја доведе неа (владата, н.з.) до капитулација“.

Лош пример за младата генерација

Ајдин Оздалга го познава Јигит Булут многу добро. „Тој ми е пријател и ми е многу драг“, вели основачот на „Хабер3“, еден од најголемите турски информативни портали. Јигит Булут. соред Оздалга, е многу интелигентен и интелектуален човек, кој има одлично образование.

„Но, проблемот е тоа што Булут не е сигурен за своето моментално политичко мислење“, смета овој новинар и додава дека Булут во своите поранешни текстови многу жестоко ја критикувал владата. Таков еден текст е објавен во 2008 година во весникот „Ватан“.

„Системот паѓа од демократија во фашизам. Многу сум загрижен за Турција. Опасноста е преголема. АКП треба да биде укината“, напиша тогаш Булут.

Но, успехот на партијата на Ердоган го привлече на своја страна, смета Оздалга, кој за Булут вели: „Тој е човек кој работи за своја полза“.

„Секој го менува своето мислење од време на време. Тоа е нормално. Но, кога АКП ќе ја загуби власта, што порано или подоцна ќе се случи, тогаш Булут веднаш ќе ја замени со друга партија“, објаснува Оздалга. Новинарот додава дека Булут е лош пример за младата генерација. „Како може да му се верува на политичкото раководење на Булут, кога тој својот политички став го менува постојано?“, прашува Оздалга.

Türkei Bau der dritten Bosporusbrücke Erdogan und Gul

Ердоган за државните прашања се консултира со сопругата Емине, како и со неговата ќерка

Никој не спори со Ердоган

Внатре, во владејачката АКП, критиката за именувањето на Булут за советник на Ердоган е во границите на нормалното, вели Дурул Туркмен, 33-годишен политички советник на некои од пратениците од редовите на АКП.

„Единствената критика беше зошто земаме некој од медиумите“, објаснува Туркмен. Тој лично смета дека требало да се земе некој кој има поголемо знаење.

„Но, сепак тој не е комплетно бесмислен избор, бидејќи тој е добро специјализиран во економската област“, смета Туркмен, кој додава дека Ердоган слуша совети, како од својата ќерка, така и од својата сопруга, но дека тој сепак на крајот одлучува сам. Сопругата Емине Ердоган турскиот премиер ја консултирал посебно за фамилијарни прашања и прашања поврзани со жените. Тој како пример го наведува изјаснувањето против оние пратеници кои влегоа во втор брак и на кои не треба да им се дозвоил кандидирање за втор мандат.

Новинарот Ченгиз Актар вели дека Ердоган е „осамен автократ“, чиј круг на поддржувачи секој ден е се’ помал. Новинарот вели дека Ердоган на крајот одлучува сосема сам и никој не се ни осудува да му противречи. Со новиот советник тоа нема да се промени.