1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Од застојот во Украина профитира Јанукович

Украинскиот парламент го услови законот за амнестија на затворените демонстранти со повлекување на опозиционерите од окупираните владини објекти. Опозицијата бара безусловна амнестија и продолжува со протести.

Леонид Кравчук зборува јасно, без заобиколување. Во Украина се случува востание и има паралелни структури на власта. „Земјата е на прагот на граѓанска војна“, рече во парламентот 80-годишниот Кравчук, кој на почетокот на 1990-тите беше прв претседател на независна Украина. За тоа да се спречи, неопходен е конкретен план. Тој и неговиот наследник на функцијата, Леонид Кучма, би биле подготвени да им го објаснат планот на луѓето на улиците. Кравчук сака да се погрижи и за тоа планот да се спроведе.

Но до такво нешто ќе мине уште време, поради тоа што парламентот вчера (29.01) со часови тапкаше во место.

Ukraine Ex-Präsident Leonid Kravchuk redet im Parlament in Kiew

Леонид Кравчук зборуваше во украинскиот парламент

Дури доцна вечерта беше донесен законот за амнестија на затворените демонстранти. Меѓута беше поставен услов - демонстрантите да се повлечат од сите окупирани владини објекти. Заклучокот на парламентот беше донесен без гласовите на опозицијата која не учествуваше во гласањето.

Од 416 присутни пратеници во парламентот, мнозинство од 232 парламентарци гласаа за законот, 11 беа против. Многу опозициони политичари протестираа против законот до последен момент. Тие бараа безусловно ослободување на демонстрантите. Налутената опозиција гласно го изрази својот протест против постапките на владеачката Партија на регионите на претседателот Виктор Јануукович.

Опозицијата „ослободи“ едно министерство

Со оставката на премиерот Микола Азаров и брзото анулирање на контроверзните закони со кои се ограничуваше правото на демонстрации, Јанукович пред два дена направи прв чекор во насока на опозицијата. Таа за возврат вчера ги повлече демонстрантите од министерството за земјоделство. Претседателот меѓутоа бара повлекување на демонстрантите од сите владини објекти. Тоа не е лесно, со оглед на тоа што опозиционите политичари немаат контрола врз дел од оние што протестираат.

Брзо завршување на политичката криза не е на повидок. За клучното барање на демонстрантите - нови избори, се‘ уште не се преговара. И промената на уставот во насока на парламентарно-претседателска демократија ќе трае со недели.

Одлагањето му оди на рака на Јанукович. Тој и неговата влада добиваат повеќе време за да ги стават протестите под контрола и евентуално да ги задушат со насилство. Во владиниот кварт во Киев се‘ уште има тенкови и полиција. Од истокот и југот на земјата доаѓаат информации дека локалните власти се штитат од напад на опозиционерите со бетонски блокови. Има извештаи за уапсени активисти.

ЕУ ја засилува присутноста во Киев

По посетата на еврокомесарот Штефан Филе, вчера во Киев допатува првиот дипломат на ЕУ, Кетрин Ештон. И европратеници, како Елмар Брок, доаѓаат во Киев и се среќаваат со претставници на владата и на опозицијата.

Catherine Ashton Besuch in Kiew am 29.01.14

Јанукович и Ештон вчера во Киев

Се чини како ЕУ да преговара за мирно решение на кризата, без за тоа да „зборува на сиот глас“. Потврда за такво нешто, меѓутоа, нема. Русија, пак, се држи воздржано, барем официјално. Од избивањето на кризата ниту еден висок руски политчар не бил во посета на Киев.

Демонстрантите во центарот на Киев се решени да останат на плоштадите и улиците и покрај огромниот студ. Тие не им веруваат на опозиционите политичари и сакаат да останат се‘ додека претседателот на поднесе оставка и не најави нови избори. Јанукович тоа го игнорира. На барикадите на улицата Хришевски, каде полицијата и радикалните демонстранти стојат едни наспроти други, од почетокот на оваа недела гори само мал оган. Нема истрели и експлозии, не летаат молотови коктели. Но ескалација е можна во секој момент.