1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Од забава-во болница

Се‘ повеќе се зголемува бројот на пијани млади луѓе, кои за време на викендот завршиле в болница. Во 2000 година во Германија имаше околу 9500 вакви случаи, а седум години подоцна веќе над 23 илјади.

default

Во неодамнешниот владин извештај за злоупотреба на дроги стои: Се‘ повеќе се зголемува бројот на пијани млади луѓе, кои за време на викендот завршиле в болница. Во 2000 година во Германија имаше околу 9500 вакви случаи, а седум години подоцна веќе над 23 000.

Луѓето од организацијата ХаЛт имаат јасна цел: на младите кои редовно пијат премногу, треба навреме да им се помогне.

Непријатна ситуација и доверлив разговор

„До самата граница“ е проект за борба против зависностите и се одвива во 60 различни места во Германија. Штом некој од младите ќе биде хоспитализиран во берлинската детска клиника „Линденхоф“, веќе во понеделник, откако ќе се разбуди, има посета. Луѓето од организацијата ХаЛт – „До самата граница“ се појавуваат на вратата.

Константин Фрич сонливо ги поздравува портирите на влезот на детската клиника „Линденхоф“ во Берлин и брза преку големиот парк. Иако е рано саботно утро, докторите од клиниката го повикаа и тој веднаш треба да дојде. Во 10 часот родителите сакаат да ги земат децата, кои минатата вечер, тотално пијани, беа примени во болницата. Дотогаш, Фрич мора да ја добие довербата на децата и да ги убеди наредната недела да дојдат со него во приколката на организацијата. „Разговорот го започнуваме со зборовите: не сум полицаец и нема да ти направам ништо лошо, не мора да се плашиш од мене. Ситуацијата во болницата, во повеќето случаи, е непријатна и впечатлива за младите, па така социјалниот работник, кој има пријателски однос со нив, е позитивно нешто. Предусловите ми одговараат“, вели Фрич.

Фрич оди со момчињата кон собата на медицинските сестри. Едното од нив има 13 години. Дебелкото момче, со обесени рамена, лице на дете и наведната глава, кое сака да го викаат Џони, се влече покрај Фрич. Никој не смее да присуствува на разговорот, ни родители, ни доктор, ниту медиуми. Вратата за сите е затворена. Речиси еден час Фрич зборува со Џони. Го прашува дали и неговите другари и родители пијат многу, дали има проблеми на училиште и со девојките, како тој општо се чувствува. Фрич се обидува за кратко време да дознае дали за младиот човек, кој молкум седи спроти него, пиењето е само лоша навика или пак е на чекор да стане вистински алкохоличар: „Секако е тешко човек веднаш да процени. Го поканив во приколката каде што се среќаваме, да го продолжиме разговорот и да се запознае со проектот. Мислам дека чувствува потреба да зборува и дека таму ќе зборува повеќе.“

Spanien - Öffentliche Trinkgelage botellon Alkoholmissbrauch

Навика која тешко се лечи

На само еден чекор од смртта

Приколката, исшарана со спрејови, се наоѓа во близина на железничката станица во една мала градина. Таа му припаѓа на проектот ХаЛт „До самата граница“, кој во Лихтенберг во Берлин го спроведува Социјално-педагошкиот институт. Џони навистина дојде по 3 дена откако излезе од болница. Сака да зборува. Раскажува за себе и за тоа што всушност се случило викендот за време на пијанчењето со вотка со другарите, на клупата пред еден супермаркет. „Ми беше сосема добро, весело, но наеднаш станав целосно заморен, легнав на земја и почнав да повраќам. Прво се обидоа да ми дадат леб, па ми истурија вода врз телото. Потоа виделе дека телото ми станало многу студено и повикале брза помош. И докторот рече дека да сум останал така уште 10 минути, ќе сум починел од хипотермија“, раскажува Џони.

Така се случи со 16-годишниот Лукас од Берлин. Во февруари 2007, тој наводно испил 52 чаши текила во еден локал, и со 4,8 промили алкохол во крвта се онесвестил и никогаш повеќе не се разбуди од кома. За среќа, Џони мина без последици. Тој смета дека е одлично што Фрич го посетил во болницата: „Мислам дека ми е доста од тоа само да скитам по улиците. Во ред е понекогаш да се безделничи со другарите, но не секој ден, бидејќи сега можеме во средите да правиме нешто како денеска.“

Mann trinkt aus Bierglas

Секој петти млад Германец-пијан еднаш месечно

Посета во болница, разговор и нешто заеднички да се преземе. Концептот на ХаЛт е едноставен и успешен, научно докажа институтот „Прогноза“. Отсега Џони редовно ќе доаѓа во шарената приколка и вели дека дури кога ќе биде возрасен повторо ќе пие. „Повеќе не на оваа возраст, дури кога ќе наполнам 16 години. Можам да издржам дотогаш“, ветува тинејџерот.

Џони не е единствениот пример. Според последниот владин извештај за злоупотреба на дроги, секој петти млад Германец е пијан најмалку еднаш во месецот, а секој десетти е склон кон зависност.



Автор: Свења Пелцел / Ана Алибегова

Редактор: Жана Ацеска