1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Од денеска не важат старите пасоши и лични карти

Старите пасоши и лични карти во Македонија од денеска (27.02) веќе не важат, а официјално во употреба ќе бидат само новите биометриски лични документи.

default

Според надлежните, неколку стотици илјади граѓани ќе останат без важечки документи оти ги немаат заменето со нови биометриски. Граѓаните кои не успеале досега да ги заменат старите документи со нови ќе можат да го сторат тоа и во наредниот период, но во меѓувреме проблем би можеле да имаат при подигнување пари од банка или во други институции каде што е неопходно да се покаже документ за идентификација. Иселениците и работниците на привремена работа во странство, пак, ќе можат со стар пасош да влезат во Македонија, но со истиот пасош нема да можат повторно да излезат од државата.

До почетокот на минатиот месец, според податоцита на МВР, биле издадени 1.342.729 биометриски патни исправи, од кои 200.163 илјади се од танаканеречената втора генерација. Издадени се вкупно 1.306.038 лични карти и повеќе од 400 илјади возачки дозволи. Околу една третина од овие документи се издадени од управата во Скопје.

Старите возачки дозволи ќе важат уште уште неколку месеци, до1 октомври годинава.

Граѓаните и натаму можат да поднесуваат барање за издавање лична карта и патна исправа. Граѓаните кои немаат важечка лична карта (изминат рок, изгубена) можат без закажување веднаш да поднесат барање за издавање нова во подрачните единици на МВР.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски