1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Од германските пензии не профитираат сите исто

Бројот на странски работници кои во Германија уплатуваат придонеси за пензиско осигурување постојано се зголемува. Но, по враќањето во татковината, немаат сите право на исплата на пензиите.

Во Германија да се работи, а во татковината да се ужива во пензионерскиот живот- многу странски работници сонуваат за овој модел. Многумина веќе успеаа тоа да го спроведат во дело, а нивниот број се зголемува. Во 2011. година околу 4,2 милиони странци уплатувале во германското пензиско осигурување. Тоа според статистиките е речиси 230.000 лица повеќе отколку во 2010. Германското пензиско осигурување сега поаѓа од тоа дека оваа бројка во текот на 2013 година уште повеќе ќе се зголеми.

Причините се всушност многу едноставни. Од една страна, од 2011 година германскиот пазар на труд е отворен за 8 земји- членки на ЕУ, а од 2014. година ним ќе им се придружат уште две: Романија и Бугарија. Од друга страна, кон тоа придонесе и економската криза поради која многу работници од југот на Европа дојдоа во Германија на работа. Според официјалните податоци, во 2012 година во Германија се дојдени околу еден милион нови работници, што во споредба со 2011 година е зголемување за 13 проценти. Меѓу нив особено е голем бројот на луѓе од Шпанија.

Кој има право на пензија?

Секој кој работи за некоја германска компанија, по правило е должен да плаќа придонеси за социјални осигурувања. Од нив 18,9 проценти одат на пензиско осигурување, а околу 2,05 проценти на осигурување за нега. Половината од овие износи ги плаќа работодавачот, а остатокот вработениот.

Во текот на годината, овој на прв поглед мал износ, може да се претвори во поголема бројка. Но, покрај тоа, од плаќањето на придонесите за овие осигурувања не профитираат сите странци исто.

„Најважна е разликата во тоа, дали станува збор за работик кој доаѓа од земја- членка на ЕУ или не“, вели Рајнолд Шнабел од Универзитетот од Дуизбург. Тој додава дека сите земји од ЕУ и нивните државјани мораат да имаат исти права и да бидат третирани на ист начин. Тоа значи дека еден работник од Португалија или од Грција има еднакви права како и работникот од Германија. Секој граѓанин на ЕУ значи има право на пензија од Германија, секако доколку плаќал германско пензиско осигурување.

Но и тука има исклучоци, во зависност од тоа колку долго некој работел во Германија. Имено, доколку станува збор за период пократок од 5 години, личноста нема обврзувачко право на пензија. Но, уплатените пари сепак не се загубени. Работникот во тој случај на пензијата која ќе ја добива во татковината може да го додаде и износот на пензијата од Германија.

Друга можност е исплата на целокупниот износ одеднаш. Тоа е можно во моментот на заминување во пензија, но замката е во тоа што така ќе му бидат исплатени само дел од парите кој самиот ги уплаќал, не и делот кој за него во текот на годините го уплаќал германскиот работодавач. Доколку сепак се реши за пензија, тогаш ќе ги добие двата дела.

Со овие правила всушност се најмногу погодени работниците кои не доаѓаат од ЕУ. Со некои земји, како што е на пример Турција, Германија има билатерален договор за пензиите. Според него на граѓаните на Турција им се собираат двете пензии, односно, тие имаат право на добивање како на турска така и на германска пензија. Што се однесува до другите земји, тука ситуацијата зависи од случај до случај. Некои на крајот ќе ја добијат својата германска пензија, некои нема. „Тоа е многу сложен процес. Постојат многу правила и посебни одредби. Работата е во тоа што мора да се води сметка за различните правни системи“, вели Шнабел.

А што е со осигурувањето за нега?

Уплатувањето придонеси за осигурување за нега во Германија е исто така обврзувачко. Но, тука само по некој странец ќе има право на негова исплата. Поточно, право ќе имаат само оние во чија земја исто така постои овој вид на осигурување. Некои земји во ЕУ, како на пример Холандија, ова осигурување воопшто не го познаваат. Значи по заминувањето во пензија и враќање во татковината, поголем број од работнците ќе го загубат износот кој во Германија со години го уплаќале. Во овој случај Германија нема склучено билатерален договор со ниту една земја.