1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Од Германија се бара да биде лидер и да преземе одговорност

Минхенската безбедносна конференција денеска се занимава со спорот на САД и Русија околу антиракетниот штит. Вчера се расправаше за тоа што очекува светот од Германија во услови на криза - воздржаност или лидерство?

„Не-воените теми се денес решавачки за нашата безбедност повеќе од кога и да е досега“ - ваквата констатација на шефот на конференцијата во Минхен, Волфганг Ишингер, не беше случајно избрана за вовед на 48-та безбедносна конференција. Зашто, еврокризата уште повеќе ја засили ваквата тенденција. Германија е повеќе од кога и да е барана како лидерска нација, а истовремено има задршки кога станува збор за предусловите што ги поставува Германија за решение на должничката криза.

Жешка, а истовремено невообичаена тема за една безбедносна конференција, со која учесниците се соочија веднаш на почетокот. Поканет, меѓу другите, е и полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. Тој во декември минатата година, во говор во Берлин, изјави дека германското непреземање мерки нему, како полски државјанин, му задава поголеми главоболки отколку германското лидерство. Сикорски во Минхен ја повтори својата подготвеност да и‘ даде поддршка на германската влада во решавањето на европската криза. Тоа е пред се‘ во германски сопствен интерес. „Сакам Германија да признае дека има најголема полза од оваа Европа и сакам да биде одговорна онолку

München Sicherheitskonferenz 2012 Zoellick

Роберт Зелик

колку што од неа се очекува“, рече Сикорски. Веднаш потоа, полскиот министер за надворешни работи укажа дека на Германија за тоа и‘ требаат партнери и коалиции. „Најдобрата коалиција за тоа е Европската унија“.

Шефот на Светската банка е критичен

Очекувањето Германија да докаже лидерска сила во кризата е зголемено не само во рамките на Европската унија. Шефот на Светската банка Роберт Зелик во Минхен рече дека очекувањата од Германија им се зголемени и на земјите во забрзан подем. „2012-та може да биде година во која Германија ќе го преземе лидерството или ќе се сопне“, рече Зелик. Според него, Германија е обврзана да им даде поддршка на земји како Италија и Шпанија за да ги решат должничките проблеми. Освен тоа, тој уште еднаш препорача воведување еврообврзници. Досега германската влада тоа го одбива, поради тоа што

München Sicherheitskonferenz 2012 de Maiziere

Томас де Мезие

Германија на тој начин во рамките на Европската централна банка би била гарант и за долговите на останатите ЕУ-држави.

Лидерство, но во која насока?

Со својата претпазлива критика на сметка на курсот на германската влада, Роберт Зелик имаше сојузник во шефот на пратеничката група на германските социјалдемократи, Франк-Валтер Штајнмајер. Тој аргументираше: „Дисциплината во трошењето не е доволна за да се излезе од европската криза, затоа што таа мерка сама не води кон пораст.“

Сосема поинаку размислува германскиот министер за одбрана Томас де Мезие. Тој критикува дека кога од Германија се бара да биде лидер, често не станува збор само за лидерство, туку за пари. Прашање е дали германско лидерство се посакува и тогаш кога станува збор за буџетска дисциплина. Де Мезие укажа дека темата за германско лидерство во Европа и светот до пред неколку години била табу. „Според мене, во Европа во моментов се зборува премногу, а не премалку за лидерство“, рече Де Мезие, додавајќи дека „без досегашниот став на германската влада, културата на стабилизирање во Европа денес не би била толку распространета“.

Британскиот историчар Тимоти Гартон Еш на тоа додаде: дискусијата сведочи дека Германија по повторното обединување, се развила во нормална држава. „Пред 20 години Германија беше обврзана кон европската интеграција. Во меѓувреме, таа засилено работи и во сопствен интерес, впрочем како и Франција и Велика Британија.“

Автор: Даниел Шешкевиц / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема