1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Од Авганистан, Ирак во Агенцијата за вработување

Професионалните војници на АРМ денеска во Скопје оддржаа протестен марш. Тие бараат помош од Владата и ресорното министерство да им се овозможи да останат во армијата до пензионирање.

default

Македонски „шкорпиони„ во Ирак за време на посетата на претседателот Бранко Црвенковски

Поддржани од Здружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство“ професионалните војници сакаат да го кренат гласот против неправдата, која сметаат дека им се нанесува - да мораат да ја напуштат АРМ по максимум девет години или со навршени 38 години возраст. Со доволно животно и професионално, па и борбено искуство, овие млади луѓе стравуваат дека ќе останат заборавени од државата и дека ќе станат социјални случаи. Бараат помош од владата и ресорното министерство да им овозможи да останат во армијата до пензионирање.

Подготвени за сите предизвици и секоја работа

На денот кога во касарната во Куманово, на свечен начин, со поздравни говори, беше пречекан последниот контингент со 127 македонски мировници „шкорпиони“ вратени од шестмесечниот престој во Авганистан, во Скопје дел од нивните колеги, по статус и униформа, го најавија протестот на професионалните војници. Протестот го организираат заради се поголемиот број отпуштања од армијата поради завршување на нивните професионални договори и неподготвеноста на државата да им помогне во нивниот натамошен професионален ангажман. Тие се сметаат подготвени за сите предизвици и за секоја работа. Велат добри сме за мисии во Авганистан и каде треба низ светот, а не сме добри за работа во полицијата, судството или на било кое друго место во државната управата.

Дека не станува збор само за голи бројки и податоци за тоа колку вакви војници се наоѓаат во исчекување од отпуштање или веќе се отпуштени, туку во секој посебен случај станува збор за човечки судбини говорат Моне Марков и Зоран Ангеловски, двајца професионални војници на АРМ кои веќе останаа без работа.

Коњановски: Војниците ги знаеле условите кога ги потпишале договорите за работа

Овие професионални војници велат дека во 80 отсто од земјите во светот каде има професионална војска нивниот статус е утврден на многу поинаков и подобар начин отколку тука во Макеоднија – пензионирање по максимум 20 години професионален стаж или на 45 годишна возраст, по што од армиите змаинувата со отпремнина или со можности за прекфалификација и работно ангажирање во други струки.

Законот за АРМ, предвидува тие да можат работно да се ангажираат само со три договори од по три години, а горната старосна граница за нивно ослободување од должностите од 35 пред една година беше покрената на 38 години. Тоа, сметаат во Министерството за одбрана, е максимумот што можат да го направат.

Министерот за одбрана Зоран Коњановски објаснува дека сите професионални војници при стапувањето во службата биле запознаени со условите за нивни работно ангажирање, а условите се така позиционирани пред се’ заради нивната и безбедноста на армијата.