1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Одреден тимот за СП во Шпанија

Македонската репрезентација со 18 ракометари ќе патува за Севиља. Од 20-те ракометари кои досега беа на подготовките за Мундијалот во Шпанија, Митко Стоилов и голманот Златко Даскаловски ќе останат во Македонија.

Македонската ракометна репрезентација со 18 ракометари ќе патува за Севиља. Како што соопшти селекторот Звонко Шундовски, Митко Стоилов поради повреда отпадна од списокот играчи и по разговорите со лекарскиот тим беше донесена одлука тој да не оди за Севиља, додека голманот Даскаловски ќе чека шанса на следниот собир на репрезентацијата.

На шампионатот ќе бидат пријавени 16 играчи, а двајца ќе бидат резерви со можност на замена според регулативите на првенството. Репрезентативците добија слободни денови за Божик, а следниот тренинг ќе го имаат на 8 јануари во вторник.

На Светското Првенство во Шпанија, кое се одржува од 11 до 27 јануари ќе патуваат следните играчи: Никола Митревски, Дејан Манасков, Александар Јоноски, Филип Миркуловски, Велко Марковски, Златко Мојсоски, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Гоце Георгиевски и Милан Левов од Металург потоа Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Филип Лазаров, Гоце Ојлески од Вардар, Кирил Лазаров од Атлетико Мадрид, Бранислав Ангеловски од Констанца, Владимир Темелков од Башараж и Борко Ристовски од германскиот Гумерзбах. Македонската репрезентација првиот натпревар на Мундијалот го игра на 12 јануари против Чиле во Севиља.

Македонските ракометари во подготвките за СП одиграа три контролни дуели и забележаа две победи против Саудиска Арабија и Египет и еден минимален пораз од Србија.