1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Одреден екстрадиционен притвор за новинарот Божиновски

На новинарот Зоран Божиновски, еден од осомничените во случајот „Шпион“, откако беше уапсен во Нови Сад, денеска му бил одреден притвор. Македонското МВР иницираше отпочнување постапка за негова екстрадиција.

default

Иво Котевски, портпарол на МВР

Новинарот и сопственик на проталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, утрово бил изведен пред истражен судија во Нови Сад, кој му одредил екстрадиционен притвор во траење од 40 дена.

Македонското министерството за внатрешни работи се обратило до Министерството за правда и судовите за да се отпочне со постапката за екстрадиција на осомничениот.

„Согласно процедурите, Министерството за внатрешни работи се обрати до Министерството за правда и до надлежните судови, така што очекуваме во најкус можен рок да биде комплетирана целокупната документација и да биде доставена до органите на прогонот на Србија, кои треба да се произнесат за барањето за ектрадиција. Доколку биде одговорено позитивно, МВР со српското министерство ќе се договарат околу деталите за испорачување на лицето“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Според првичните информации на полицијата, Божиновски престојувал во еден или два стана во Нови Сад. Засега полицијата, нема информации дека Божиновски има двојно државјанство и дека се бара за извршување на други кривични дела во Србија, ако има некои правни пречки за екстрадиција за тоа треба да биде известено Министерството за правда.

Од МВР не можат да кажат кога очекуваат да заврши екстрадиционата постапка бидејќи тоа не зависи само од нив, туку и од Министерството за правда, судовите во Србија и Македонија.

Божиновски е осомничен за злосторничко здружување, шпионажа и уцена во случајот „Шпион“, во којшто се осомничени 20 лица. Во акцијата „Шпион“ беа уапсени поранешни и актуелни вработени во безбедносните служби, под сомнение за шпионажа.